Голем број луѓе пријавуваат дека им е потребен оброк за своите деца, откако велешката гостилница „Боем“ на својата фејсбук страница објави дека почнува проектот „За нула гладни во Велес“, преку кој се отвора народна кујна.
Поради големиот број барања за оброк, од гостилница „Боем“ велат дека нема да можат да одговорат на сите и оброк ќе се доделува според приоритети, а децата ќе бидат во прв план.
Поради ова, од гостилницата апелираат до сите граѓани и хумани луѓе да донираат, со цел да се одговорени на сите барања.
Можеби ќе ве интересира: