Велес го одбележи празникот и заштитник на градот „Св.вмч.Пантелејмон“

Чествувањето на празникот започна со вечерна богослужба во храмот посветен на „Св.вмч.Пантелејмон“ со која чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски. Г. Агатангел заедно со македонското православно свештенство од Повардарската епархија.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Празникот на градот на сите граѓани на Велес им го честиташе Градоначалникот Марко Колев кој истакна дека заштитникот на градот, семилостивиот Св. вмч. Пантелејмон, да не чува и штити од непогоди и невољи, да ни даде сила и храброст да истраеме во ова време невреме и да ни помогне да се свртиме кон вистинските вредности во животот.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Пред верниците се обрати и Митрополитот Повардарски Агатангел кој рече дека само сплотени и еднакви можеме да ги надминеме сите пречки и предизвици во времето во кое живееме.

Чествувањето го збогатија младите од МДПС Премиера со свој поетски перформанс, а за комплетен впечаток се погрижија Тринити Стрингс чии тонови милозвучно одекнаа во дворот на црквата.

Можеби ќе ве интересира: