Локални вести

Пожарникари вчера гаснеле запален оџак на локален дуќан за скара во Велес

Изминатото деноноќие немало пожари на отворено, имало само урбани. РЦУК – Велес соопштува дека вчера од осум до девет часот, петмина пожарникари и две ПП возила гаснеле запален оџак на локален дуќан за скара во градот, наведуваат од ЦУК. Оџаците, како што пожарникарите превентивно препорачуваат, е потребно да се чистат …

Прочитај повеќе

Андреј Петровски победник на општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2024“

Mladi bibliotekari 2024

Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, се организираше Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2024“, на кој учествуваа девет ученици од сите основни училишта од Општина Велес,Чашка и Градско. Најдобар беше Андреј Петровски ученик во ООУ „Даме Груев“ Градско, со менторот Лидија Картулкова. Талиа Павловска ученик во ООУ „Васил Главинов“ Велес …

Прочитај повеќе

МЗШВ: Исплатени 100 милиони денари кон изгледувачите на говеда дополнителни субвенции за обележани грла говеда

ljupco Nikolovski so Zoran Arsovski

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска од велешко Иванковци ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци. Од МЗШВ велат дека се исплатени се 4.033 …

Прочитај повеќе

Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот во прекин

Soobrakajka

На регионалниот пат Велес – Градско се случи сообраќајна несреќа поради која сообраќајот е пренасочен по автопатот, информира Авто мото сојузот. Несреќата се случила кај исклучокот Градско околу 17.10 часот, поради што сообраќајот беше во прекин до 17.25 часот, а потоа е пренасочен. Во моментов полицијата врши увид на местото …

Прочитај повеќе

„Паника“ премиерно изведена во велешкиот театар

Pretstava PANIKA

Двајцата млади актери, велешаните Стефан Николовски и Филип Христовски на маестрален начин ја донесоа претставата „Паника“, на нејзината премиера синоќа во велешкиот театар. Текстот, напишан од финскиот писател Мика Мулуаху, е приказна за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, …

Прочитај повеќе

Промовирана збирката раскази „Човекот без сенка“ од Ѓоре Ѓелев

Gore Gelev promocija

Младиот роднокраен автор Ѓоре Ѓелев вчера во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ ја промовираше својата прва збирка раскази „Човекот без сенка“. Промоцијата беше проследена од многубројна публика, а промотор на книгата беше д-р Игор Радев. Авторот во својот говор …

Прочитај повеќе

Велешанец се оддалечил од домот, исчезнувањето го пријавил неговиот брат

policija veles

56-годишен жител на Велес исчезнал вчера, а во полиција пријавил неговиот брат, соопшти СВР Велес.Содржината продолжува под рекламата „На 17.04.2024 во 14.30 часот во СВР Велес, Б.С.(64) од Велес пријавил дека од домот сеоддалечил неговиот брат Г.С.(56) од Велес, кој имал здравствени проблеми“, велат од полицијата.Содржината продолжува под рекламата Се …

Прочитај повеќе

Пендаровски од Велес: Тие што беа против Преспанскиот договор сега се фалат со НАТО членството

Stevo Pendarovski

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа на митиг пред велешани рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. И порача дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО.  „Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат …

Прочитај повеќе

Гори букова шума над Горно Јаболчиште во oпштина Чашка

Cuk - ЦУК

Пожар избувнал синоќа во 23 часот на отворен простор кај селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, гори букова шума, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму веднаш пратиле известување до ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што добиле одговор дека ќе упатат вработени кон …

Прочитај повеќе

Собраќајна несреќа во Велес, повредено едно лице

soobrakajka star most

64-годишен велешанец е повреден во сообраќајна незгода кај стариот мост во Велес. „На 13.04.2024 во 15.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „8 Септември“ воВелес, на место викано „Стар мост“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „апен“,управуван од Ќ.С.(64) од Велес и патничко возило „тојота“ со велешки …

Прочитај повеќе