Македонија

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес

Green maschines Istanbul

По испораките во Египет, Франција, САД, Англија и Јужна Кореја, „Грин Машинс“ од Велес продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот во Турција. Овој пат и најголемиот град во Турција, Истанбул, грижата за одржувањето на хигиената на своите улици и плоштади им ја довери на возилата „Грин Машинс“ од …

Прочитај повеќе

Владата и СОНК без договор, на 11 април нема да работат градинките како и основните и средните училишта

sindikat

Без договор завршија синоќа преговорите помеѓу СОНК и Владата за зголемување на платите во образванието. „Немаме краткорочно решение со кое сега и веднаш ќе се зголемат платите во образованието за онолку колку што бараме – 18,4 проценти. Не добивме никакви бројки, проценти на маса, така што сме разочарани“, рече Јаким …

Прочитај повеќе

Се намалува цената на бензинот и дизелот

Benzinska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 %  во однос на одлуката од 1.04.2022 година.  Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,50 ден/лит, …

Прочитај повеќе

Притвор за две лица кои физички нападнале четворица полициски службеници

Триесетдневен притвор за две лица од Прилеп, на возраст од 31 и 28 години, поради напад на четири полициски службеници пред ноќен клуб на  улицата „Рампо Левката“. -Осомничените прилепчани, на возраст од 31 и 28 години, на 3 април во раните утрински часови, пред ноќен клуб на  улицата „Рампо Левката“ …

Прочитај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту партијата, ниту Мицкоски не се поврзани со овој случај

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ како партија не се поврзани со овој случај. За случајот „Плацеви на Водно“ како партија жалиме и сме згрозени ако се точни тврдењата на сведоците, велат од ВМРО-ДПМНЕ за „Локално“, во врска со објавените телефонски „бомби“ помеѓу пореншениот премиер во бегство Никола Груевски …

Прочитај повеќе

СДСМ: Мицкоски отишол по нови задачи кај неговиот шеф Никола Груевски

Христијан Мицкоски очигледно отишол по нови насоки и задачи кај неговиот шеф, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски, велат од СДСМ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од Будимпшта каде во штабот на Виктор Орбан ја чекаше нова победа на унгарскиот премиер. -Дали Груевски му ја кажа и „стратегијата“ за …

Прочитај повеќе

Одбележување на Денот на НАТО – 4 Април

NATO

Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел, денеска го организира традиционалниот настан „Денот на НАТО – 4 Април“. Станува збор за активност на Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето …

Прочитај повеќе

Обвинителството најавува кривичен прогон за оние што оправдуваат геноцид и воени злосторства во Украина

Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик, велат од македонското Јавно Обвинителство. „Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно …

Прочитај повеќе

Последен ден од караванот за вакцинација против коронавирусот

vakcinacija-vo-makedonija

По посетени вкупно 14 градски и рурални подрачја низ целата држава, во Струга денеска ќе заврши караванот за вакцинација против КОВИД-19. Освен можноста да се прими вакцина против вирусот, медицинските екипи, Црвениот крст и студенти од медицински здруженија презентираа веродостојни информации за вакцинацијата и придобивките од неа, како и за ризиците од …

Прочитај повеќе

Каква е состојбата на патните правци ширум земјава

avtopat Skopje Veles

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила. Од охридска страна, сообраќајот ќе …

Прочитај повеќе