22 велешани се меѓу новозарените со ковид-19 во последните 24 часа, само еден е регистриран како оздравен. Во моментов, во Велес има 99 активни случаи со ковид-19. Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 357, Гостивар и Тетово – …
Прочитај повеќеМакедонија
85% од новите случаи и 91% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани
Министерството за здравство ja објави двонеделнатa анализа на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9.881 граѓанин, се позитивни …
Прочитај повеќеОпозицијата откри дел од имињата на кандидатите за градоначалници
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција откри дел од кандидатите за градоначалници на партијата за следните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври. Меѓу најзвучните имиња соопштени денеска беа актерот Тони Михајловски кој ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово, како и кандидатот за општина Бутел, каде што претставник …
Прочитај повеќеНови правила за влез на аеродром
Од синоќа во аеродромската терминална зграда може да се влезе само со сертификат за вакцинација, за прележан Ковид-19 или негативен тест, соопштија од Меѓународниот аеродром во Скопје. Оттаму истакнуваат дека по одлуката на Владата за изменување на одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми …
Прочитај повеќеПари од банки ќе може да се вадат и со потврда од МВР за лична карта
Надминат е проблемот што настана со граѓаните кои немаат важечки лични карти и затоа не можеа да си подигнат пари од банка, соопшти Македонската банкарска асоцијација (МБА). Од Асоцијацијата соопштија граѓаните ќе може да ги користат услугите на банките и штедилниците и со пасоши. Доколку пак граѓанинот нема важечка лична …
Прочитај повеќеРасте бројот и на заразени и на починати, Велес засега „се држи“
Во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на КОВИД-19. Од нив, девет се регистрирани во Велес, каде што на инфективното одделение во болницата се хоспитализирани 12 пациенти. Од нив, 11 се потврдени позитивни и еден е сомнителен на ковид-19. На кислородна поддршка се 5 пациенти. Со …
Прочитај повеќеБитолскиот театар со три, а велешкиот со една награда на ИФАД „Стоби“ 2021
Наградата Гран при за најдобра претстава на 18-от ИФАД „Стоби“ 2021 му беше врачена на Битолскиот Народен театар за претставата „Бакхи, краток преглед на распадот“, награда за најдобра режија постхумно ја доби режисерот на оваа претстава Игор Вук Торбица, а за најдобра актерка Викторија Степановска-Јанкуловска, актерката на Битолскиот театар која во …
Прочитај повеќеОд денес за влез во сите угостителски објекти само со сертификат за вакцина или за прележан Ковид-19
Владата на последната седница донесе одлука за неколку мерки со кои се ограничува влезот во затворени, но и бо отворени делови на објекти за невакцинирани и граѓани кои не го прележале ковид-19. Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот …
Прочитај повеќеНови правила за влез во земјава
Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на македонска територија доколку претходно на граничниот премин приложат потврда за примени две дози од вакцина против ковид-19, потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР тест, направен најмногу 72 часа претходно, соопшти Владата. …
Прочитај повеќеЗемјава стигна до 1000 новозаразени и 14 починати за еден ден!
Вкупно 999 нови случаи на заразени со ковид-19 се регистрирани во земјава за едно деноноќие. Ова е најголем број случаи за 24 часа во четвртиот бран на коронавирусот кај нас. Новозаразените се откриени, откако се направени 7245 тестови, а процентот на нови случаи во однос на направените тестови е 13,8 …
Прочитај повеќе