„Европската Комисија ја претстави нацрт преговарачката рамка за Северна Mакедонија и Албанија”. „Германија ќе направи се’ за позитивни исчекори на двете земји до крајот на годината”. Ова се само дел од насловите и акцентите издвоени во медиумите во регионот, по вчерашната вест дека Европската комисија ја усвоила предлог преговарачката рамка за …
Прочитај повеќеМакедонија
Повеќе заминале, отколку што пристигнале, по отварањето на аеродромите во земјава
По три и пол месеци, во текот на вчерашниот ден пристигнаа и заминаа првите патници од скопскиот и охридскиот аеродром, следејќи ги новите правила за патување со цел заштита од коронавирусот. На првиот работен ден на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 292 патника, а од него полетаа 448, додека на „Апостол …
Прочитај повеќеКазна од 20 евра за 461 лице поради неносење на заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 461 прекршок. Според Уредбата на Владата, казната за неносење маска е 20 евра. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени …
Прочитај повеќеНа 13 јули ќе гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните
Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список. Право на глас на претстојните парламентарни избори на 15-ти јули имаат милион 814 илјади 263 граѓани. Со шест илјади повеќе од минатите избори за пратеници, првиот човек на Државната изборна комисија тврди дека на Избирачкиот список нема фантомски гласачи. Гласањето ќе може да …
Прочитај повеќеПо подолго време, денеска повеќе оздравени од заразени
Бројот на оздравени пациенти од Ковид-19 денеска, за прв пат по подолго време е повисок од бројот на заразени. Според статистиката која пред малку ја објави Министерството за здравство, во последното деноноќие се регистрирани 123 оздравени, наспроти 120 новоинфицирани граѓани со коронавирус. Во Велес денеска нема новодијагностицирани. Најмногу оздравени се …
Прочитај повеќеИгротеките бараат финансиска поддршка од владата
Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и игротеки при Сојуз на стопански комори на Македонија бара финансиска помош од државата, а од Комисијата за заразни болести да го разгледа протоколот за работа на игротеките што тие сами го направиле следејќи и прифаќајки ги позитивните примери на земјите од соседството …
Прочитај повеќе412 казни издадени од МВР за неносење маски
Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие напишале 412 казни за неносење казни. Во текот на изминатото деноноќие (30.06/01.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 412 прекршоци, се вели во соопштението од МВР. Министерството за внатрешни работи …
Прочитај повеќеГрција отворена за туристи, но согласно листата од ЕУ, за Северна Македонија границите остануваат затворени
Грција денеска ги отвора регионалните аеродроми, дел од копнените гранични премини и дел од пристаништата за туристи од Европската унија, од Шенген зоната, како и за државјаните на третите земји, кои се најдоа на листата што вчера ја соопшти ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. За македонските државјани, границите …
Прочитај повеќеАвионите од денеска повторно полетуваат и слетуваат на аеродромите во Скопје и Охрид
По пауза од речиси три и пол месеци, денеска скопскиот и охридскиот аеродром се официјално отворени за патувања. Пред една недела Владата донесе одлука за протоколи и правила по кои ќе се реализираат патувањата од двата македонски ареродроми. Според распоредот на летови кој го објави операторот, први полетувања од скопскиот …
Прочитај повеќеВтор медиумски работник ја загуби битката со коронавирусот
Шенол Ахмети долгогодишниот снимател во албанската редакција синоќа ја загуби битката со коронавирусот. Ахмети се заразил со вирусот последнава недела, а за само неколку дена му се влошила состојбата и завршил на респиратор, каде што синоќа почина. Неговите колеги се збогуваат на социјалните мрежи со човекот, кој целата своја кариера …
Прочитај повеќе