Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска рече дека нема друго објаснување освен дека промовираните мерки на Владата се за поткуп на гласачите пред избори. “Ова е ништо повеќе од обичен поткуп на граѓаните. Овие пари ги нема и треба да ги задолжиме нашите деца и внуци за власта на …
Прочитај повеќеМакедонија
Картички со 9.000 денари за невработени, ваучери за одмор, викенд без ДДВ, најавува владата
Платежни картички за купување на домашни производи од 9.000 денари, ваучери за одмор во износ од 6.000 денари, картички и ваучери за млади, викенд без ДДВ за сите граѓани. Премиерот Спасовски денес го презентираше третиот сет мерки кои го подготви владата за да им помогне на граѓаните и на компаниите …
Прочитај повеќеИстражување на Харвард: Коронавирусот ќе забави во текот на летото, потоа следи втор бран
Голема студија спроведена од Харвард, МИТ и други институции студираше како временските услови, поточно порастот на температурата и влажноста, влијаат на ширењето на коронавирусот. Тие студирале 3739 локации низ целиот свет и заклучиле дека просечните температури над 25 Целзиусови степени значително го намалуваат ризикот од инфекција. Секое дополнително покачување на …
Прочитај повеќеПовеќе опоравени од заразени велешани регистрирани денеска
Еден велешанец заразен со коронавирус е дел од 22 нови случаи на граѓани кои се позитивни на тестот за Ковид-19 во земјава во последното деноноќие. Тие се откриени откако во последните 24 часа се направени 462 тестирања, што изнесува 5,2 проценти на позитивни во однос на тестирани. Освен во Велес, …
Прочитај повеќеИгор Андреев е назначен за в.д. раководител на Центарот за развој на Вардарски плански регион
Игор Андреев е назначен за в.д. раководител на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион (ВПР). Оваа одлука денеска ја донесе Советот за развој на ВПР, откако претходно гласаше за разрешување на досегашниот прв човек на оваа институција Марко Колев. Игор Андреев има 47 години и е прв доктор на …
Прочитај повеќеПретседателот прогласи нова вонредна состојба од 14 дена
Вонредната состојба продолжува уште 14 денови, објави на денешната прес конференција претседателот на државава, Стево Пендаровски, одржана по завршување на состанокот на Советот за безбедност. „Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата“, рече Пендаровски, додавајќи дека одлуката за времетраење на …
Прочитај повеќеЕден починат и двајца заразени велешани регистрирани во последните 24 часа
Велешанец на 72-годишна возраст кој починал пред два дена е меѓу денешните двајца жртви на коронавирусот, кои ги регистрира Институтот за јавно здравје. Тој починал во Градската болница „8 Септември“, а бил хоспитализиран од 15 април. Втората жртва на Ковид-19 е пациент од Скопје на 89-годишна возраст, кој починал на …
Прочитај повеќе(ВИДЕО) Јанчев: Избори веднаш!
Избори мора да има веднаш, бидејќи не знаеме што ќе се случува наесен и чекањето може да биде поопасно. На државата и е неопходна целосна извршна власт, а не раководство како што е сега, вели градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во интервју за Батали.нет. Тој зборува и за тоа како …
Прочитај повеќеВИДЕО: Како ќе изгледа туристичката сезона во Охрид оваа година
Сончање, капење на дистанца, дезинфицирање на плажите, но и ограничен број на луѓе во вода. Концесионерите сеуште ги чекаат официјалните протоколи за тоа како ќе се одвива туристичката сезона ширум земјава. Извор: Телевизија 24
Прочитај повеќеСловенија прогласи крај на епидемијата
Словенија е првата европска држава која стави крај на епидемијата на коронавирусот, објави синоќа владата на телефонска седница. Ова доаѓа откако Националниот институт за јавно здравје донесе заклучоци дека ширењето на вирусот е ставен под контрола, при што во изминатите 14 дена биле регистрирани само 35 нови случаи на зараза …
Прочитај повеќе