Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот! Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани.
Прочитај повеќеМакедонија
Трета жртва од коронавирусот во државава
Коронавирусот ја однесе и третата жртва во земјава. Почина пациентката којашто веќе неколку дена беше на апарати за дишење, објави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција. Како што кажа министерот, починатата е од Дебар, на возраст од 66 години, а претходно боледувала од висок крвен притисок.
Прочитај повеќеСЛЕДИ ВО ЖИВО: Филипче на прес конференција во 16 часот
Министерот за здравство Венко Филипче закажа прес конференција за 16 часот. На неа се очекува да ги соопшти најновите информации околу кризата со коронавирусот, но и за новозаразените, од кои тројца се од Велес. Следете ја прес конференцијата тука:
Прочитај повеќеУгостителите бараат дополнителни мерки за спас на бизнисот
Групацијата на угостители бара од државата, како што велат, спас на дејноста. Барањата до властите ги поддржаа повеќе од илјада угостителски објекти , во кои работат без малку 30 илјади лица. Велат дека не се задоволни од досега понудените мерки. Бараат од Владата, што поскоро да каже дали планира дополнителни …
Прочитај повеќеФилипче: Држете растојание, ќе спасите животи
„Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширањето на коронавирусот и спасувате животи. Граѓаните во период на инкубација може да се преносители на болеста, а да не се свесни за тоа. Доколку имате симптоми, не се доближувајте до повозрасните, кои …
Прочитај повеќеДве годишно дете од Скопје заразено со коронавирус
Двегодишно дете е најмладиот пациент заразен со коронавирус во Македонија, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој откри дека освен детето, коронавирус имаат и неговите родителите. Тие се заразиле преку локална трансмисија со веќе заразени лица. „Двегодишно дете е од Скопје. Заедно со своите родители имаат позитивни тестови на вирусот, …
Прочитај повеќеГледај во живо: Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче
Министерот за здравство Венко Филипче закажа прес конференција во 17 часот. Се очекува да ги соопшти најновите информации околу состојбата со коронавирусот. До овој момент, во Македонија заразени со коронавирус се 148 граѓани, а во последното деноноќие се регистрирани 12 случаи. Прес конференцијата можете да ја следите тука:
Прочитај повеќеАдеми: Учебната година продолжува онлајн
Учениците од утре се враќаат на настава. Но, наместо во училници, пред компјутер. На интернет ќе продолжи учебната година, училиштата сами ќе треба да ја организираат наставата на онлајн, а Владата ќе понуди платформи за поддршка, соопшти денеска министерот за образование Арбер Адеми. „Опфатени се видео конференциските форми, електронската пошта …
Прочитај повеќеСпасовски: Денеска можеме да бидеме горди!
Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ во најкраток можен рок, ваква согласност постигна Советот за општи работи на ЕУ, рече премиерот Оливер Спасовски, на прес конференцијата во Владата. Напредокот на Македонија го верификуваа сите членки на Европската Унија. „Стигна верификацијата за успехот на нашите напори. За истрајноста, …
Прочитај повеќе