Двегодишно дете е најмладиот пациент заразен со коронавирус во Македонија, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој откри дека освен детето, коронавирус имаат и неговите родителите. Тие се заразиле преку локална трансмисија со веќе заразени лица. „Двегодишно дете е од Скопје. Заедно со своите родители имаат позитивни тестови на вирусот, …
Прочитај повеќеМакедонија
Гледај во живо: Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче
Министерот за здравство Венко Филипче закажа прес конференција во 17 часот. Се очекува да ги соопшти најновите информации околу состојбата со коронавирусот. До овој момент, во Македонија заразени со коронавирус се 148 граѓани, а во последното деноноќие се регистрирани 12 случаи. Прес конференцијата можете да ја следите тука:
Прочитај повеќеАдеми: Учебната година продолжува онлајн
Учениците од утре се враќаат на настава. Но, наместо во училници, пред компјутер. На интернет ќе продолжи учебната година, училиштата сами ќе треба да ја организираат наставата на онлајн, а Владата ќе понуди платформи за поддршка, соопшти денеска министерот за образование Арбер Адеми. „Опфатени се видео конференциските форми, електронската пошта …
Прочитај повеќеСпасовски: Денеска можеме да бидеме горди!
Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ во најкраток можен рок, ваква согласност постигна Советот за општи работи на ЕУ, рече премиерот Оливер Спасовски, на прес конференцијата во Владата. Напредокот на Македонија го верификуваа сите членки на Европската Унија. „Стигна верификацијата за успехот на нашите напори. За истрајноста, …
Прочитај повеќеГледај во живо: Премиерот Оливер Спасовски закажа прес конференција во 15 часот
ЕУ одлучи: Македонија добива датум за преговори
Земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија. Оваа одлука ја донесоа министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ, на денешниот онлајн состанок. Веста ја потврди и комесарот за проширување на ЕК Оливер Вархеји кој на својот твитер профил напиша: …
Прочитај повеќеНови 12 заразени во последното деноноќие
Нови 12 заразени од коронавирус во Македонија се регистрирани во последните 24 часа. Од нив седум се од Скопје и пет од Куманово. Со тоа, вкупната бројка на заболени во земјава се искачи на 148. Оваа бројка е помала од вчерашната, кога беа регистрирани 22 заразени.
Прочитај повеќе(ВИДЕО) Пендаровски: Знам дека ви е тешко, не паѓајте со духот, ќе издржиме
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски преку видео порака им се обрати на граѓаните. Во неа тој ги повикува: Ве молам, не паѓајте со духот, сите заедно, ќе издржиме. „Додека целиот свет е во потрага по вакцина и лек, самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот. Знам дека ви е …
Прочитај повеќеМинистрите на ЕУ денеска одлучуваат за датум за Македонија
Министрите за европски прашања на земјите членки на Европската Унија денеска во 12 часот преку видеоконференција се очекува да расправаат и да донесат одлука за почеток на преговори со Македонија и со Албанија. И покрај дилемите кои се појавија од правен и организациски аспект за тоа дали Советот за општи …
Прочитај повеќеИмаш симптоми на коронавирус? Јави се на матичен лекар!
Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање. Од …
Прочитај повеќе