Шефот на дипломатијата на Европската унија, Џосеф Борел, денеска изјави дека дипломатијата победила во деескалацијата на тензиите на северот на Косово и Метохија. „Дипломатијата победи со деескалација на северот на Косово. Насилството никогаш не може да биде решение“, напиша Борел на Твитер. Тој додаде дека го поздравува одговорното раководство на …
Прочитај повеќеВести
Велешанец уапсен откако физички ја нападнал поранешната сопруга
33 годишен велешанец е лишен од слобода откако бил пријавен во СВР Велес дека физички ја нападнал својата поранешна сопруга. „На 28.12.2022, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.А.(33) од Велес затоа што , по кратка расправија, физички ја нападнал поранешната сопруга“, информираа од СВР Велес.Содржината продолжува …
Прочитај повеќеИван Џолев доби втор мандат како претседател на Кривичниот суд
Иван Џолев одново е избран за претседател на Кривичниот суд. Тој беше единствен кандидат пријавен за оваа позиција. Ова му е втор мандат на Џолев, кој повеќе од шест месеци беше и вршител на должност. Советот на јавните обвинители го избра кога на оценувањето од Комисијата ги има освоено максималните …
Прочитај повеќеИзбран е најдобриот судија на Мундијалот во Катар
Италијанскиот судија Даниеле Орсато е прогласен за најдобар судија на Светското првенство во Катар. Тој го презеде признанието од Аргентинецот Нестор Пинтана, кој беше најдобар на Мундијалот во Русија во 2018 година. Орсато судеше три натпревари на Светското првенство. Италијанецот ја имаше честа да биде главен судија на отворањето на …
Прочитај повеќеВременска прогноза
Денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во наредните денови продолжува стабилното време …
Прочитај повеќе44 новогодишни пакетчиња собраа волонтерите на Црвен крст во акцијата „Подари среќа за нова година“
Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес поставија штандови за донации на две локации во Велес кај Авона и во близина на Градскиот саат каде граѓаните можеa да подарат новогодишно пакетче или финасиски средства кои ќе се искористат за купување на пакетчиња. Од донираните …
Прочитај повеќеПоевтина струја за штедливите домаќинства и за малите фирми
Струјата за домаќинствата во првиот и во вториот блок од 1 јануари се намалува, а се зголемува во третиот и четвртиот блок. Намалување има и на цената за малите потрошувачи, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Цената на електрична енергија кај домаќинствата за прв блок …
Прочитај повеќеДве возила се судрија во близина на отпад Дине
Сообраќајна несреќа се случи утрово околу 08.30 на влезот во Велес, на крстосницата кај отпадот Дине. Во неа учествуваа две возила, Мерцедес со велешки и Шкода со скопски регистарски таблички. Иако возилата се многу оштетени, за среќа возачите поминале со полесни повреди. „Повредени се две лица, еден велешанец и еден …
Прочитај повеќеРКЕ денеска треба да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари
Регулаторната комисија треба да информира дали ќе бидат прифатени барањата од МЕПСО, „ЕВН електродиструбуција“ и „ЕВН хоум“ за нова цена на струјата. Доколку барањата се прифатат, од 1 јануари просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 отсто. Регулаторната комисија за енергетика …
Прочитај повеќеВременска прогноза
Наутро по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во наредните …
Прочитај повеќе