Во врска со декларацијата на Советот на Општина Благоевград, Министерството за надворешни работи ги осудува непримерните квалификации во содржината, кои се однесуваат на македонскиот народ. Очигледно е дека ваквите декларации се во спротивност на интенцијата на двете влади за градење доверба меѓу народите на двете земји и со духот на …
Прочитај повеќеВести
Временска прогноза
Времето денеска ќе биде претежно сончево, утрото студено со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во наредните денови ќе се …
Прочитај повеќеКавадарци се збратими со украинскиот град Буча
Кавадарци денеска се збратими со украинскиот град Буча. Договорот беше потпишан денеска за време на посетата на украинската делегација во Кавадарци, каде домаќин беше градоначалникот Митко Јанчев. Дел од украинската делегација беше амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, заменик-градоначалникот н Буча Шепетко Серхи, претседателот на Здружението на Украинци во …
Прочитај повеќеНова инвестиција на „Брако“ за подобрување на производството во фабриката
Велешката фабрика „Брако“ инвестира 250 илјади евра за целосна реконструкција и отворање нов објект во фабриката, во кој ќе се централизираат и поедностават завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ. Целта на поставувањето на новиот комплекс е значително да се …
Прочитај повеќеПретреси во неколку домови во Велес, лишени од слобода тројца велешани
На 19.10.2022 во периодот од 12.10 до 17.50 часот на улиците „Христо Тататрчев“ и „11 Октомври“, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Б.(36), Б.П.(36) и Т.Џ.(36) од Велес, велат од МВР . „Во домовите на Т.Б. и Б.П., биле извршени претреси со судска наредба. Притоа, во домот …
Прочитај повеќеРегулаторната комисија со нова одлука за цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука од денеска се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на одлуката од 17 октомври 2022 година. -Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра …
Прочитај повеќеГлавниот град денеска останува без јавен превоз, вработените на штрајк
Автобусите на ЈСП утринава останаа во своите бази во Аеродром и Ѓорче Петров, а скопјани без превоз. Вработените порачаа дека нема да сообраќаат на линиите се додека не ја добијат својата плата. Нервозно пред камерите изјавија дека им се вршат притисоци, а од в.д. директорот Александар Стојковски побараа да не …
Прочитај повеќеВременска прогноза
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво …
Прочитај повеќеПоради дојава за бомба утрово повлечени се сите автобуси на ЈСП
Дојава дека ќе биде поставена бомба во автобус на ЈСП „Скопје“ стигнала по електронската адреса на претпријатието. Па поради тоа од сообраќај се повлечени сите автобуси. Забележливо е зголемено полициско обезбедување пред пунктот во Ѓорче Петров. Информациите се дека сите автобуси се повлекуваат во гаража во случај во нив да …
Прочитај повеќеВременска прогноза
Времето денес ќе биде студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува. Минималната температура ќе биде …
Прочитај повеќе