Времето денеска ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни локално (над 20 л/м2 наврнат воден талог), проследени со силни грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од …
Прочитај повеќеВести
Ламбе Алабаковски попладнево пуштен во домашен притвор
Ламбе Алабаковски попладнево е пуштен во домашен притвор со одлука на Судскиот совет на Основниот суд во Битола. Мерката билa преиначена по жалбата поднесена од неговиот адвокат. Алабаковски чека обвинителен акт за подметнувањето пожар во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола за што првично доби осум дена притвор. Алабаковски го …
Прочитај повеќеОсомничени двајца малолетници за разбојништво
Скопската полиција поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје, поради сомнение за сторени пет кривични дела разбојништво. Како што информираат од МВР, пријавените во периодот од 7. април до 27. мај годинава со закана извршиле пет кривични дела разбојништво во спортски обложувалници на подрачјето на Скопје. Притоа се стекнале …
Прочитај повеќеАдреналин на ,,две тркала”, по 12 пат ќе се одржи Ендуро трка од државниот шампионат
Наредниот викенд на 19 јуни во организација на Мото клубот „МОТОВЕЛЕС“, на познатата локација Ендуро полигон на Мото клубот „МОТОВЕЛЕС“ по 12 пат ќе се одржи Ендуро трка од државниот шампионат во Ендуро за 2022 година. На трката ќе се натпреваруваат во Е1, Е2, Е3 класа, а за прв пат …
Прочитај повеќеАМСМ со информација за состојбата на државните патишта
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини …
Прочитај повеќеЗавршува учебната година
Летниот распуст годинава завршува во редовниот термин и покрај одложениот почеток на второто полугодие за десетина дена, поради влошената состојба со КОВИД-19, како и загубените 12 дена од наставата во април додека траеше штрајкот на СОНК. Учебната 2021/2022 почна со физичко присуство за сите ученици. Првпат од затворањето на 11 …
Прочитај повеќеПревалец го торпедираше Динамо од Мажучиште
Уште една доминантна партија на фудбалерите на Превалец. Со високи 12:0 ја совладаа екипата на Динамо од Мажучиште, кој на овој натпревар пристигнаа со еден час задоцнување од предвидениот термин. Пеце Стојанов беше стрелец на четири погодоци, хет-трик постигна Кристијан Маневски, двоен стрелец беше Бобан Атанасовски, а пак стрелци на …
Прочитај повеќеШест години затвор за Никола Груевски, се бара и конфискација на партискиот имот
Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, доби затворска казна од шест години, а поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски, доби двегодишна условна казна за случајот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на партиското седиште, познато како бела палата. Според судската пресуда, и двајцата ги искористиле службената положба и …
Прочитај повеќеДизелот поскапува за 2,5 денари
Ново поскапување на дизелот почнува од ноќеска на полноќ. Малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 2,5 денари и од утре ќе изнесува 104,5 денари, што е рекорд. Цените на бензините остануваат исти, односно Еуросупер 98 ќе се продава по 112 денари за литар, а Еуросупер 95 за 110 …
Прочитај повеќеЈавното обвинителство поведе постапка за палењето на бугарскиот културен центар во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин …
Прочитај повеќе