Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег. На истокот на места се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе …
Прочитај повеќеВести
Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски засега останува единствен кандидат
До 11 декември е рокот за пријавување на кандидатура за претседател на партијата за закажаниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи на 12 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Засега единствената кандидатура за претседател на партијата е поднесена од Христијан Мицкоски, актуелен партиски лидер. Право на кандидатура има …
Прочитај повеќеКонстатирана оставката на министерот Арјанит Хоџа
На денешната собраниска седница беа констатирани оставките на министерот за земјоделство и на заменик-министрите за образование и за култура. Констатирани се оставките на министерот Арјанит Хоџа, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и заменик-министерот за култура Седат Сулејмани. На дневен ред на денешната пленарна седница се повеќе точки, меѓу …
Прочитај повеќеВо Велес денес не е регистриран нов случај на ковид-19, оздравени се седум пациенти
Во ковид статистиката на Министерството за здравство денес во Велес не е регистриран ниту еден нов случај на кови-19. Оздравени се седум пациенти а едно лице на 67 годишна возраст е починато. Бројот на активни случаи во Велес е 165. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени …
Прочитај повеќеМВР запленила дрога вредна околу 600 илјади евра
Во координирана акција на полицијата, во текот на вчерашниот ден (8 декември) бил пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Косово во Македонија, при што запленета е марихуана во количина од околу 200 килограми со вредност од околу 600.000 евра, а лишени од слобода се шест лица, македонски и …
Прочитај повеќеВработените од „Колска“ утрово го блокираа железничкиот сообраќај
Вработените од велешка „Колска“ утрово два часа го сопреа железничкиот сообраќај од Велес кон Битола и Гевгелија. Тие три дена молат за заостанатите три плати, но велат државата не ги есапи. Иако во вторникот, на предупредувачки штрајк овие луѓе ја кажаа својата мака, никој од Владата, која е сопственик на фирмата …
Прочитај повеќеВо велешкиот ковид центар се лекуваат 25 ковид пациенти
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 25 пациенти што е за три пациенти помалку од вчера. 16 имаат позитивни тестови, тројца пациент се сомнителни на вирусот, а шест пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се …
Прочитај повеќеФрчеа казни на автопат Куманово- Скопје- Велес
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 97 возачи. Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час …
Прочитај повеќеВременска прогноза
Денеска се очекува променливо облачно време, претпладне во источните делови со сончеви периоди. Од попладневните часови во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, …
Прочитај повеќе(ВИДЕО) Прва домашна победа на фудбалерките на Борец
Фудбалерките на Борец конечно победија на домашен терен. Во рамките на 10 коло од Првата женска фудбалска лига тие беа подобри од екипата на Ас Јунајтед од Струга со 2:0. Во првиот дел видовме претпазлива игра од обете страни. Единствено за одбележување беше ударот на Батиниќ кога голманката Речи едвај …
Прочитај повеќе