На 61-годишна возраст завчера во Велес почина хроничарот, новинар и сликар Љупчо Данов. Данов беше еден од ретките велешани кои грижливо собираше, архивираше и објавуваше фотографии и приказни за стар Велес и важеше за добар познавач на историјата на градот. Исто така, Данов беше вљубеник и хроничар на велешкиот театар. …
Прочитај повеќеВести
Управата на ЖФК Борец донесе три странски засилувања
Нина Јовановиќ, Жељана Максимовиќ и Николина Батиниќ, се нови фудбалерки на ЖФК Борец. Тие доаѓаат од Србија и ќе претставуваат огромно засилување за клубот. Управата на клубот најави дека во претстојниот период се преговара со уште едно до две засилувања, се со цел подобар пласман на табелата во предстојната сезона, …
Прочитај повеќеСончево и топло, земјава е во портокалова фаза
Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло, информира УХМР. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ=9. Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. …
Прочитај повеќеПочина Емилијан Поповски – сопственик на СИ-БИ-ЕМ, првото приватно локално радио во Велес и долгогодишен медиумски работник
Почина велешанецот Емилијан Поповски, кој пред две недели беше тешко повреден во железниката несреќа на преминот кај село Горно Оризари. Поповски (46) им подлегна на повредите на `рбетот денеска на скопските клиники. Емилијан Поповски поголем дел од својот живот го посвети на медиумите. Беше сопственик на првото велешко локално радио …
Прочитај повеќеТешко повреден жител на село Иванковци откако паднал од трактор
43 годишен жител на село Иванковци се здобил со тешки телесни повреди во несреќата што се случила вчера кога тој паднал од трактор. “На 31.07.2021 во 17.30 часот било пријавено дека во Медицинскиот центар Велес бил донесен Д.А.(43) од с.Иванковци, кој се здобил со тешки телесни повреди при пад од …
Прочитај повеќе72 нови случаи на ковид-19, нема новозаразени во Велес
Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на коронавирусот. Нема регистрирано ниту оздравени пациенти. Бројот на активни случаи на ковид-19 во градот е пет. Во последните 24 часа се направени 5.759 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на …
Прочитај повеќеКривична пријава за 29 годишен велешанец кај кого бил пронајден хероин
29 годишен велешанец заработи кривична пријава поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, откако при претрес на патничко возило во кое тој бил сопатник на патарината Сопот бил пронајден хероин. “СВР Велес поднесе кривична пријава против С.К.(29) од Велес, поради постоење основи на …
Прочитај повеќеВелешанец, баран со меѓународна потерница е уапсен на преминот Ќафасан
Службите на Граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на континуираната размена на информации со Интерпол Тирана, при влез на територијата на Република Албанија, го уапсија П.Л.(38) жител на Велес, Северна Македонија. Верификацијата покажа дека словенечките судски органи издале меѓународна потерница по ова лице за сторено кривично дело „кражба”, стои во …
Прочитај повеќеРеми со Беласица во пријателски натпревар за Борец
И на последниот подготвителен натпревар пред новата сезона на Првата лига, фудбалерите на Борец не победија. Во пријателски натпревар во Струмица тие одиграа 1:1 со второлигашот Беласица. Во подготвителниот период Борец загуби од Брегалница, Ренова и од второлигашот Воска, додека ремизираше со Младост од Нови Сад, и Беласица. Првиот противник …
Прочитај повеќеДетали за вчерашниот пожар кој избувна близу Велес
Целосно е изгаснат пожарот кој вчера избувна кај вливот на реката Бабуна во близина на велешката компанија Агриа. Пожарот во противпожарната единица е пријавен некаде 20 минути по полноќ, а пожарникарите целосно успеале да го изгаснат во 02.30 часот. Во пожарот кој избувна синоќа изгореа неколку електрични бандери, трава, и …
Прочитај повеќе