Вести

(ФОТО ВЕСТ) Дрво падна и оштети возило во центарот на Велес

Попладнево во центарот на Велес падна едно од дрвата и оштети возило кое беше паркирано на улицата. Колкава е штетата на возилото сеуште не се знае. Можеби ќе ве интересира: https://batali.net/21831/borecz-objavi-dve-stranski-zasiluvana/

Прочитај повеќе

Борец објави две странски засилувања

Zasiluvanja Borec stranski

Откако пред неколку дена Борец  потврди дека ги продолжи договорите со дури осум фудбалери кои настапуваа лани, а се пофали и со пет новајлии, денес, претстави уште две засилувања за следната сезона. Нови фудбалери на клубот од Велес се Алекс Талески и Гонзало Зарате. 21-годишниот Македонец со австралиски пасош, по …

Прочитај повеќе

Тешко повреден мотоциклист на патот Скопје-Велес

Motor avtopat nesreka

Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес. На 26.06.2021 во 15,30 часот било пријавено дека на автопат “Пријателство“ Скопје-Велес мотоцикл “хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.С.(49) од Скопје паднал на коловозот. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во …

Прочитај повеќе

Денеска пристигна досега најголемата пратка на вакцини на скопскиот аеродром

Денеска на скопскиот аеродром со два авиони денеска на пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Ова е досега најголема пратка вакцини што пристигнала во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата. Според државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски, која заедно …

Прочитај повеќе

Тројца пациенти се хоспитализирани во велешкиот ковид центар

kovid bolnica

Во ковид центарот на велешката болница се зголеми бројот на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од ковид-19. Тројца пациенти се хоспитализирани во велешката болница . Еден пациентот е позитивен на ковид-19 и е сместен на инфективното оддееление на велешката болница, додека двајца се сомнителни на вирусот и се сместени на …

Прочитај повеќе

Нови четири случаи на коронавирус, во Велес нема нов случај

Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема оздравен пациент . Бројот на активни случаи во градот е пет. Во последните 24 часа се направени 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, …

Прочитај повеќе

Не излегувајте без потреба, во следните денови не очекуваат пеколни температури

Veles so dron

Времето денеска ќе биде сончево и топло со малку пониска температура и со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени. …

Прочитај повеќе

(ФОТО) За мистрија се фатија градоначалникот Коцевски, вицепремиерот Битиќи и министерката Стефоска

За мистрија се фатија вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи и градоначалникот на Велес Аце Коцевски. Тие беа дел од волонтерскиот ден на градилиштето во населбата „Хабитат“ во Велес. Претходно се одржа брифинг, на кој освен Битиќи и Коцевски, учествуваа претставникот на УСАИД во Република Северна Македонија Ерик Јановски, потпретседателот на …

Прочитај повеќе

Велес беше дел од светското одбележување на Денот на Алзас

Во организација на Асоцијацијата „Алзас – Македонија АЛМА“ предводена од Жак Шлеф, на 24 јуни годинава, во хотелот „Романтик“ свечено беше одбележан меѓународниот ден на францускиот регион Алзас, со кој Велес има 15-годишна соработка. Претходно, делегација на Асоцијацијата „Алзас Македонија- АЛМА“ и француската организација „Надеж на истокот“ примпредадоа донација во …

Прочитај повеќе

Само еден пациент се лекува од ковид-19 во велешкиот ковид центар

Modularna bolnica Veles

Во ковид центарот на велешката болница и денес има хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од ковид-19. Само еден пациент е хоспитализирани во велешката болница . Пациентот е позитивен на ковид-19 и е сместен на инфективното оддееление на велешката болница. Во последните 24 часа се направени 3.147 тестирања, а регистрирани се …

Прочитај повеќе