Вести

Заврши реконструкцијата на стадионот „Зоран Паунов“

Stadion Zoran Paunov

Проектот реконструкција на градскиот фудбалски стадион е завршен. Реконструкцијата на стадионот се реализираше со финансиски средства од Агенцијата за млади и спорт во висина од 12.210.341,00 денари. Градоначалникот Аце Коцевски и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска извршија увид на завршените градежни зафати на стадионот. На …

Прочитај повеќе

ЖФК Борец елиминирани во осминафиналето на купот

ZFK Borec ekipa

Фудбалерките на Борец се елиминирани од Купот на Македонија. Тие во рамките на осминафиналето од ова натпреварување беа поразени во Струга од екипата на Ас Јунајтед со високи 5:1. Со голот во 25 минута на Елма Шемсовиќ фудбалерките на Борец поведоа, но по само шест минути резултатот беше изедначен. Стрелец …

Прочитај повеќе

Зградата на Градската кафеана во Велес крие мрачна тајна од минатото

Малкумина велешани знаат дека во приземјето на трокатната зграда во центарот на градот, во која денес работи казино и е седиште на една политичка партија, а која во Велес е позната како Градска кафеана, пред 89 години се случило двојно убиство и самоубиство. Зградата на 16 февруари 1932 година, кога …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа пред патарината Сопот, собраќајот се одвива тешко

Soobrakajka kaj Rajko

Автомобил со велешки регистарски таблици пред неполн час се преврте на автопатот Скопје-Велес пред наплатната рампа Сопот. Екипата на итната медицинска помош се упати на местото на несреќата, а во моментов не е позната состојбата на патниците кои биле во превртениот автомобил. Подетални информации за тоа колку лица учествувале во …

Прочитај повеќе

Ковид-19 ја зема и 115 жртва во Велес

infektivno veles

Пациент на 56 годишна возраст, од Горно Оризари, лекуван на инфективно одделение еден ден е новата 115 жртва на коронавирусот во Велес, известуваат од велешката болница. Бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница е скоро ист како вчера. Од болницата информираат дека денеска таму се лекуваат 46 пациенти …

Прочитај повеќе

Денеска започна вакцинирањето со руската вакцина

vakcinacija-vo-makedonija

Денеска во земјава започна вакцинацијата против Ковид-19 со руската вакцина „Спутник В“. Со “Спутник В” денеска се вакцинирани 60-тина здравствени работници од Прилеп и Скопје, кои работат со заболени од Ковид-19, а вакцината се чува на -20 степени, во Поликлиниката „Јане Сандански“. Во ист ден но на друга локација во …

Прочитај повеќе

Поради полицискиот час Македонски железници го измени возниот ред

Zeleznicka stanica Veles

Поради донесената одлука со која се ограничува движењето на цела територија на државата од денеска е изменет возниот ред со редуцирање на патничките возови и промена на времето на поаѓање кај некои од нив, информираат од „Железници на Република Македонија”. План за сообраќај на патнички возови во услови на ограничено …

Прочитај повеќе

Каменоломот на Техно Павер планира да отвори цементарница во Превалец

Varnica Prevalec

Од Управата за животна средина на Министерството за животна средина и просторно планирање до Општина Велес е доставено Барање на мислење за управување на обем по известување на намера за изведување на проект – „Изградба на цементарница во кругот на каменоломот Техно Павер“ за потребите на инвеститорот Техно Павер ДООЕЛ …

Прочитај повеќе

Се зголемува бројот на ковид пациенти во велешката болница

nova fotka Bolnica Veles 997x485

Бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница е зголемен. Од болницата информираат дека денеска таму се лекуваат 45 пациенти поради коронавирус, од кои 30 се со потврден позитивен тест, девет е сомнителен и шест пациент е со негативен брис, но задржан на болничко лекување. Од хоспитализираните пациенти, на …

Прочитај повеќе

Бројот на новозаболени се зголемува, уште еден велешанец починат од ковид-19

Veles nov most Fevruari

Бројот на новозаболени велешани полека се зголемува. Денес се регистрирани 14 нови случаи на ковид-19, оздравени се шест. Сепак борбата со коронавирусот ја изгуби 73 годишен велешанец кој е 114 е жртва на ковид-19 од почетокот на пандемијата. Бројот на активни случаи во Велес е 235. Министерството за здравство информира …

Прочитај повеќе