Вести

Тројца велешани починаа од ковид-19, двајца во велешката болница и еден во „Жан Митрев“ клиника

Veles crkva

Тројца велешани се најновите жртви на коронавирусот денеска. Од нив, двајца починаа на инфективното одделение бво велешката болница, а еден пациент почина на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. Утрово почина 88-годишен маж и 71-годишна жена, кои имале позитивни тестови на ковид-19. На клиниката „Жан Митрев“ во Скопје почина 62-годишна велешанка, …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Вардар му врати со иста мера на Борец за поразот во Скопје

borec-vardar

Борец не успеа да ја продолжи добрата серија на домашен терен и денеска го забележа само вториот домашен пораз откако лани стана прволигаш, а само прв оваа сезона. И втор пат на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ трите бода ги носи скопски Вардар, кој славеше против велешани со 0:2. Фудбалерите на …

Прочитај повеќе

Започна кампањата за градоначалничките изборите во Штип и Пласница

Kandidati za gradonacalnik

Почнува изборната кампања во Штип и Пласница. Во услови на кризна состојба и забрана за групирање на повеќе од четири лица седумината кандидати од овие две општини ќе ги убедуваат граѓаните да гласаат на изборите за градоначалнник. Кандидатите најавуваат фер кампања и строго почитување на здраствените протоколи. Ќе имаат минимум …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Докторите молат: Неуморно се бориме за здравјето и животот на сите пациенти, ве молиме придржувајте се до препораките

covid skopje

Преку видео обраќање здравствените работници до јавноста бараат поддршка од граѓаните. Тие ги молат граѓаните да ги почитуваат мерките за да може да им се помогне и нив бидејќи изминативе девет месеци се во првите борбени редови. „Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. …

Прочитај повеќе

Висока бројка на заразени велешани во последните 24 часа

infektivno veles

67 велешани се меѓу 1237 регистрирани нови случаи на Ковид-19 во земјава, од направени 3200 тестирања. Состојбата по градови изгледа вака: Скопје 506-Куманово 34-Штип 55-Прилеп 91-Тетово 51-Струга 31-Велес 67-Битола 30-Охрид 26-Кавадарци 31-Гостивар 75-Гевгелија 23-Струмица 38-Крива Паланка 8-Радовиш 11-Крушево 12-Кочани 15-Пробиштип 3-Демир Хисар 7-Македонски Брод 4-Берово 1-Валандово 6-Виница 3-Делчево 2-Кратово 5-Свети …

Прочитај повеќе

Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

Policiski cas 997x485

Владата на вечерашната седницата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава, заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија со коронавирусот и заради спречување од ширење на заразата. Владата со тоа ја потврди вчерашната препорака од Советот за безбедност кој се состана кај претседателот Пендаровски. „Владата донесе Одлука …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Скопје и Охрид како Амстердам: Планот на Зоран Заев за легализација на марихуаната

Премиерот Зоран Заев е убеден дека декриминализацијата и легализацијата на канабисот/марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството. Неговиот план предвидува и вадење на парите од „под перници“, пренесува dw.com. Кога зборува за политиката и особено во контекст на актуелниот историски спор и блокадата од Бугарија, Зоран Заев …

Прочитај повеќе

Под Тумбе кафе во Битола пронајдени 4500 неексплодирани артилериски гранати од првата светска војна

Granati Bitola tumbe kafe

Дирекцијата за заштита и спасување продолжи со подигнување на пронајдените артилериски гранати од Првата светска војна во близина стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола. Заедно со првата акција кон крајот на октомври, која прекина затоа што немаше содветна механзација,  четворица пиротехничари од цела Македонија вкупно досега пронајдоа 4500 неексплодирани артилериски …

Прочитај повеќе

Борец по одмазда за ланскиот домашен пораз од Вардар

Заврши репрезентативната фудбалска пауза, па македонските прволигаши викендов се враќаат на терените. На програмата е 12. коло од ПМФЛ, кое во сабота (21.11.) го отвора велешки Борец, кој на својот стадион го пречекува најтрофејниот македонски клуб Вардар. Велешани од горниот дел на табелата го пречекуваат овој дуел. Со евентуална победа, …

Прочитај повеќе

Црн ковид биланс: Осуммина починати велешани за 24 часа

bolnica veles

Рекорден број починати пациенти од коронавирус се регистрирани во Велес за 24 часа. Откако вчераутро починаа двајца велешани, на инфективното одделение во велешката болница, до крајот на вчерљашниот ден починаа уште двајца пациенти. „Вчера попладне почина маж на 79-години, негативен на ковид-19, а вчеравечер е донесен маж на 63 години …

Прочитај повеќе