Вести

Обвинителството отвора истрага за случајот со полицаецот кој позитивен на коронавирус беше на погреб на свој колега

Велешкото јавно обвинителство ќе го истражува случајот со полицаецот од СВР Велес, кој го прекршил решението за изолација и со позитивен тест на коронавирус пред два дена присуствуваше на погребот на свој колега. Од обвинителството за Батали.нет велат дека веќе се преземаат дејства, за да се утврдат фактите. „Основното јавно …

Прочитај повеќе

Разбојник влегол во домот на 80-годишна старица од Велес и од ушите и ги украл обетките

veles

Разбојник нападнал 80-годишна старица од Велес вчера, кога околу 14:30 часот влегол во нејзиниот дом. Дрскиот разбојник прво физички ја нападнал, а потоа од ушите и ги скинал обетките, а и го украл и мобилниот телефон. „На 28.10.2020 г. во СВР Велес било пријавено дека околу 14.30 часот едно лице …

Прочитај повеќе

Нов смртен случај на позитивен на ковид-19 во велешката болница

infektivno veles

Велешанец на 78-годишна возраст почина синоќа на инфективното одделение во велешката болница. Тој бил примен во тешка состојба, а имал позитивен тест на коронавирус, велат од велешката болница. „Пациентот е примен во болница пред два дена во тешка општа состојба, со мозочно крварење и позитивен тест на ковид-10“, рече др. …

Прочитај повеќе

Полицијата активна на терен, санционирани голем број на граѓани

veles

Македонската полиција во текот изминатите 24 часа по однос на мерката за носење на заштитни маски како превенција од коронавирусот, регистрира 879 прекршоци, информираат од МВР. Полицијата апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со коронавирусот. Бројот на активни случаи со …

Прочитај повеќе

Рашфорд испиша историја, за 27. минути постигна три гола

Markus Rasford

Тимот на Манчестер Јунајтед синоќа одлигра натпревар за паметење во натпревар од Лигата на шампионите каде со 5:0 славеше против тимот на Лајпциг. Тимот на Оле Гунар Солскер го надиграа својот противник во последните 25 минути после влегувањето на напаѓачот наМанчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. 22. годишниот офанзивец влезе од клупата …

Прочитај повеќе

(ФОТО) Наместо да спречуваат прекршување на закон, со пцовки, навреди и закани, полицајци од СВР Велес го поддржуваат неговото прекршување

Канонада од напади, навреди, пцовки и закани доби редакцијата на порталот Батали.нет, откако ја објави веста дека на погреб на полицаец од Велес, присуствувал негов колега, кој имал позитивен тест на коронавирус и кој имал решение за изолација. Веста официјално ја потврди и СВР Велес, кој најави дека во координација …

Прочитај повеќе

Денеска сончево, за викенд променливо време

sonce esen

Времето денеска ќе биде сончево, со мала, до умерена облачност и со слаб, до умерен ветер од северозападен правец. Во утринските часови ќе има услови за магла по одделни котлини. Максималната температура ќе достигне до 24 степени. Утре времето ќе биде променливо облачно, во северните делови со услови за локален …

Прочитај повеќе

Од утре нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19

Собрание-2020-2024

Почнувајќи од утре (четврток) сите граѓани, освен оние кои спортуваат на отворено, децата под 6 години и некои други исклучоци, ќе мора да носат маски и на отворено. Собранието вечерва со 53 гласови за, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита на населението …

Прочитај повеќе

Нов црн рекорд на заразени во Македонија

Corona makedonija ambulanta

Со новата бројка на новозаболени Македонија се ближи кон илјада. Денес, Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа се регистрирани 870 нови позитивни случаи на коронавирус. Велес одново со високи бројки, денес има 38 нови позитивни случаи , и еден починат како последица на коронавирусот. Со овие бројки …

Прочитај повеќе

Со потврден позитивен тест за ковид-19 колега на починатиот полицаец Игор Ангеловски присуствувал на неговиот погреб

veles mladinski

Со потврден позитивен тест, колега на прерано починатиот полицаец Игор Ангеловски, присуствувал на неговиот погреб, кој се одржа вчера на градските гробишта во Раштани, кај Велес, тврдат за Батали.нет луѓе кои биле на погребот, но кои сакаат да останат аноними. Според истите извори, колегата на починатиот имал решение за изолација …

Прочитај повеќе