450 велешани бесплатно вакцинирани против сезонски грип

vakcina grip

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес во изминативе осум дена, откако започне вакцинацијата против сезонски грип, бесплатно се вакцинирани 450 граѓани, информира за МИА епидемиологот Бојан Тодоровски од оваа установа, кој со својот тим колеги ја реализираат вакцинацијата.

Zito akcija 640x289px

Потсетува, дека преку закажување на Мој термин предвидено е секојдневно да се вакцинираат по 60 граѓани, но некои од пријавените кои добиле термин од разни причини во изминатите осум дена не дошле на закажаниот термин за бесплатно вакцинирање.

Agria

Тој информира дека од Министерството за здравство добиле 2000 вакцини и засега имаат добиено термини за бесплатна вакцинација до 20 ноември.

Тодоровски информира дека вакцинирањето е на два пункта во оваа јавна здравствена установа, едниот е веднаш на влезот, за тешко подвижните, и на трети кат за останатите во терминот од 8 до 13 часот.

По викендот, тие со вакцинација ќе продолжат в понеделник.

Тој потенцира дека Министерството за здравство има обезбедено доволен број на вакцини против сезонски грип 60 илјади,а за сите заинтересирани пријавувањето е на страната vakcinacija.mk

Тодоровски потсетува дека предност за добивање на термин за бесплатна вакцина имаат граѓаните кои припаѓаат на ризичните групи како што се стари лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од шест месеци до пет години

Воедно информира дека освен со бесплатна вакцина против сезонски грип заинтересираните граѓани можат да се вакцинираат и со комерцијална вакцина која чини 700 денари, а веќе се вакцинирале 30 граѓани.

Можеби ќе ве интересира: