Донација во опрема вредна 30 илјади евра за велешките деца со пречки во видот

Lajons donacija 5

Опрема вредна 30 илјади долари доби велешкото основното училиште „Васил Главинов“. Опремата ја донираа УСАИД и Лајонс Клуб Интернационал Фондацијата, а ја имплементираа и предадоа претставници на Универзитетот на Југоисточна Европа, во рамки на проектот „Деца со пречки во видот“.

Zito akcija 640x289px

Проектот има две компоненти, здравствена и едукативна. Во здравствениот дел „Лајонс Клуб Велес“ реализираше скрининзи на вид кај деца од 3 до 6 годишна возраст.

Agria

„Во Ресурсниот центар се даваше континуирана дефектолошко – едукативна поддршка од страна на специјален едукатор на децата со оштетен вид, од сите основни училишта, користејќи современи апарати и опрема. Се организираа низа воннаставни активности за социјална инклузија, спортски активности, развивање на животни вештини, како и поддршка на семејствата“, објасни Ефтимија Карбева Лукарова, специјален едукатор во РЦ Велес и член на „Лајонс Клуб Велес“.

Едукативната компонента се реализираше преку активности во Ресурсниот центар за деца со пречки во видот, сместен во просториите на училиштето „Васил Главинов“.

„Како училиште добивме опрема за работа со деца со оштетен вид, како дополнување на веќе постоечките инструменти за работа со овие ученици во нашето училиште. Ресурсниот центар за деца со пречки во видот од проектот ‘Деца со пречки во видот’ е лоциран во нашето училиште и неколку години остваруваме активна соработка. Со оваа донација основното училиште „Васил Главинов” го задржува приматот на училиште – лидер во спроведување на современа инклузивна практика во регионот“, рече Сашко Чоков, директор на ООУ ,,Васил Главинов”.

Целта на проектот е одржлив развој и е во функција на децата. Тој се реализираше четири години во Велес, Скопје, Битола, Тетово и Штип, а е финансиран од УСАИД и Лајонс Клуб Интернационал Фондацијата.

Lajons donacija 1

„Една од главните цели на која се работи и вложува во лајонизмот е заштита на видот. Направивме илјадници превентивни прегледи на вид кај деца и активно бевме вклучени и во работата на Ресурсниот центар со наши волонтери, преку креативни работилници, социјални, спортско инклузивни активности, печатење честитки на браево писмо во соработка со Здружение на слепи и слабовидни лица. Нашата соработка продолжува и понатаму во служба на заедницата“, рече Ацо Ѓорѓиевски, претседател на Лајонс Клуб Велес.

Целиот проект го имплементираа Универзитетот на Југоисточна Европа и Лајонс Дистрикт 132 Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8216/mof-golem-del-od-profesorite-voopshto-ne-se-ni-zapoznaeni-kako-da-rabotat-so-digitalnite-platformi-za-predavane/