Општинската организација на Црвен крст во соработка со Жито Маркети ќе реализира хуманитарна акција по повод Денот и Неделата на борба против гладтта.
Со мотото „Помислете и на нас“ апелираме до сите хумани граѓани, пронајдете ги одбележаните места за донации во Жито Маркетите
- кај градскиот пазар,
- до Гимназијата,
- во близина на Општина
- Ване Жито
И оставете прехрамбени производи по Ваша желба, но по можност
нерасипливи и со доволен рок на траење.
Акцијата ќе трае од 16-ти до 22-ри октомври.
Собраните производи во вид на пакети ќе се донираат на социјално загрозени семејства.
Можеби ќе ве интересира: