Исти адвокати застапуваат граѓани каснати од куче, ист доктор дава лекарско и вештачи, градоначалникот на Велес се сомнева во „шема“

kuce

Општина Велес се соочува со сериозен проблем во врска со бездомните кучиња и граѓаните кои се каснати од нив, вели градоначалникот Аце Коцевски. На адреса на општината секојдневно пристигнуваат тужби од граѓани кои се каснати од кучиња. Овие тужби се поткрепени со медицинска документација и пријава на настанот во полиција, како докази во судки постапки, кои најчесто завршуваат со пресуди за плаќање на огромни пари од општинскиот буџет.

Zito akcija 640x289px

„Простор за сомнеж во веродостојноста на ваквите постапки остава тоа што овие граѓани ги застапуваат едни исти адвокати. При обезбедување на медицинската документација во случај на каснување од куче, се случува, истовремено доктор од ЈЗУ Општа болница Велес, кој го прегледал лицето каснато од куче, да се јавува и во својство на вешто лице, што исто така остава простор за сомнеж. Тоа значи дека еден ист лекар издава и лекарско уверение и прави наод од вештачење. Исплатени се огромни суми од општинскиот буџет по тужби на граѓани“, рече Коцевски.

Agria

Од почетокот на годинава  до сега, од општинскиот буџет исплатени се повеќе од 27 илјади евра, (1.689,152 денари) како обештетување на граѓани кои биле каснати од бездомни кучиња и тоа околу 15 илјади евра (939.152 денари) по основ на тужби од седум граѓани кои биле каснати од бездомни кучиња и околу 12 илјади евра (750.000 денари) по пат на склучени спогодби со 15 граѓани за вонсудско решавање на судски спор.

И минатата година општината исплатила огромна сума за обештетување на граѓани кои биле каснати од куче. Околу 43.500 евра (2.673.481 денари) се издвоени од општинскиот буџет за оваа намена. Во 2019 година испалтени се речиси 37 илјади евра (2.266.014 денари) и во 2018 година се исплатени 27 илјади евра (1.660.006 денари) за обештетување на граѓаните кои биле нападнати и каснати од куче.

„Ваквата пракса се повторува од година во година и сериозно го оптеретува буџетот на општината. Наместо за сериозни проекти, од кои бенефит ќе имаат сите граѓани на Велес, овие пари завршуваат кај одредена категорија на  граѓани кои злоупотребувајќи го законот ги добиваат овие парични средства“, рече Коцевски.

Општината деновиве одржала состанок со сите надлежни институции за оваа проблематика и побарала од нив да се проверува подетално дали случајот на каснување е вистинит или пријавата е лажна, односно инсценирана.

Ace Kocevski 15.05.2020

„Во најголем број во пријавите граѓаните не  кажуваат за каков вид на куче станува збор, изјавуваат само дека е куче скитник затоа што знаат дека само за каснување од куче кое се води како скитник можат да добијат обештетување, затоа што ние како институција сме надлежни за нив“, рече Коцевски.

Кога граѓаните инсистираат во МВР или во болница дека станува збор за куче скитник, Коцевски смета дека треба да биде нагласено во службената документација дека тоа е само изјава и тврдење на странката, која не е поткрепена со докази, без кои надлежните институции не можат да интервенираат.

„Во пракса има многу случаеви каде што напаѓаат и прават штета и домашните миленици. За нас и за другите надлежни институции е многу значаен фактот при овие случувања да се обезбеди доказ дали станува збор за бездомно куче или за куче кое има сопственик“, рече Коцевски.

При пријава од граѓанин за каснување од куче, полицискиот службеник задолжително ги контактира „Гиовски тим“ за да излезат на терен и да го идентификуваат кучето.

„Овој проблем, за жал, се провлекува со години наназад и не смееме веќе да дозволиме граѓаните да манипулираат со Законот за да добијат обештетување  и тоа за суми на парични средства кои воопшто не се за потценување. Затоа е неопходно сите надлежни институции да воспостават добра соработка и координација за да се реши овој проблем“, додаде Коцевски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20740/grczija-sepak-ne-ja-otvori-graniczata/