Колев: Машината за цртање пешачки е најмодерна

Машината за обележување хоризонтална сигнализација која Општина Велес ја плати 42 илјади евра е од реномиран производител и е целосно автоматизирана. Вака градоначалникот на Велес Марко Колев одговори на обвинувањата дека општината платила нереално висока сума за оваа машина. Колев прстот го впери во локалните и националните медиуми и како што рече, некои локални и централни партии, кои му го оцрнувале името. Машината која Велес ја купил не била најскапата, но не била ниту најевтината, но била набавена по опсежни анализи, со кои се утврдило дека градот годишно трошел помеѓу 1 и 2 милиони денари за оваа услуга на приватни фирми.

Zito akcija 640x289px

„Машина која е од реномиран производител, американски Греко, која што како да ви кажам е врв во светот за оваа работа, тука не зборуваме ние за луксуз, тука ние не зборуваме дека градоначалникот ќе се вози во кола која е климатизирана, која е заштитена, тука зборуваме за квалитет кој ќе им служи на граѓаните во наредните 15 до 20 години, заради тоа што овие машини Греко кои што ги има поголем дел од фирмите ги користат со години“, рече Марко Колев

Agria

Колев потврди дека полицијата почнала истрага за оваа набавка, но е сигурен дека се е чисто. За велешките советници од Левица и СДСМ, ова е криминал, со кој е оштетен буџетот на општината.

„Сметам дека оваа сума е превисока. се надевам дека органите што ја вршат истрагата ќе дадат мислење дали е тоа законски или не е законски, јас нема тука да судам“, рече советникот на Левица Димитар Абрашев.

„Ваква и слична машина за бележење хоризонтална сигнализација, на слободниот пазар чини помеѓу 1.000 и 2.000 евра. Го прашуваме Марко Колев, дали на овој начин, преку вакви скандалозни јавни набавки, обезбедува пари за неговата партија ВМРО ДПМНЕ за претстојните избори.

Велес е една од општините кои набавија вакви машини, но цените драстично се разликуваат од град до град. Слично како и Колев, пред десетина дена и од ВМРО ДПМНЕ тврдеа дека машините набавени од Битола и Велес се најсовремени и прашаа ако тоа е криминал, тогаш зошто СДСМ молчи за Центар и Струмица кои набавиле исти такви машини. Колев, кој на новинарско прашање одбегна да ја спомене сумата на машината, го повика обвинителството да се вклучи во истрагата.

Можеби ќе ве интересира: