На пазарот во Велес одземени над 1.400 парчиња пиротехнички средства, едно лице лишено од слобода

На 19.12.2023 во 10.50 часот на Градскиот пазар во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода И.Ќ.(69) од Велес.

Zito akcija 640x289px

При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Agria

Истиот ден (19.12.2023), при преглед на тезга на Градскиот пазар, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес кај Ц.З.(62) од Велес пронашле и одзеле 300 парчиња пиротехнички средства.

Со лицето бил извршен службен разговор во Полициската станица Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира: