Почина Буба Мијакова – доајенот на велешкото радио спикерство

Утрово во Велес, по кратко боледување, почина Буба Мијакова, доајен на велешкото радио спикерство и еден од првите спикери на најстарото радио во градот, поранешното Радио Титов Велес, а подоцна Радио Велес. Мијакова ќе остане запаметена по познатото авизо „Зборува Радио Титов Велес“, со кое цели 35 години, почнуваше и завршуваше програмата на ова радио. Исто толку години, Мијакова беше еден од главните спикери на радиото, од кого велешани ги дознаваа најновите вести од градот, земјата и светот.

Zito akcija 640x289px
Буба Мијакова во друштво со колегите Кире Саздов (средина) и Никола Медаров (десно) пред некогашното Радио Титов Велес

Мијакова е родена 1944 година, а во Радио Велес почнала да работи во 1960 година, кога имала само 16 години и е меѓу првите вработени во овој медиум. Таа беше и остана заштитниот знак на Радио Велес се до неговото затворање во 2007 година, иако во пензија замина во 1996 година.

Agria

Буба Мијакова е родена во семејството Прличкови, кое е и нејзино моминско презиме. Таа е внука на најславниот велешки и македонски актер Петре Прличко, а сопруга на најсестраниот спортист на Велес на 20 век, Тодор Мијаков – Кошот.

Погребот на Буба Мијакова ќе се одржи утре во 14 часот, на гробиштата во црквата Свети Пантелејмон во Велес.

Фото: tirekovmirece.com

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17754/moeto-dete-ne-e-grubo-i-bezobrazno-ima-autizam/