Почна изградбата на водовод до велешките села Бузалково, Раштани и Клуковец

vodovod Buzalkovo2

Почна ископот на канали за водоводни цевки за водоснабдување на велешките села Бузалково и Раштани. Преку овој водоснабдителен систем ќе се снабдува со вода селото Клуковец.

Zito akcija 640x289px

Ова е еден од најголемите проблеми на жителите на овие села со децении. Жителите од Бузалково со години ги молат сите досегашни власти да им изградат водовод. Тие со вода се снабдуваат од бунари, кои често се со неисправна и загадена вода, па многу честа појава се цревните инфекции кај жителите од овие села.

Agria
vodovod Buzalkovo3

„Сонот на жителите на Бузалково за обезбедување чиста, безбедна, квалитетна, здрава вода за пиење од градската водоводна мрежа станува стварност. Од истиот систем ќе се водоснабдуваат и жителите на Раштани и Клуковец. Создаваме еднакви можности за живот за сите – од село и град“, напиша градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на својата фејсбук страница.

Изградбара на овој водоснабдителен систем е инвестиција со вкупна вредност од 29 милиони денари или безмалку 500 илјади евра, обезбедени од ЕИБ преку Министерството за транспорт и врски. Вкупната должина на системот е 10,1 километри.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8258/se-udavi-momche-vo-veleshko-ezero/