Полицијата уапси тројца велешани кај кои била пронајдена дрога

Droga Heroin

Велешката полиција во две одделни акции уапси тројца велешани кај кои била пронајдена дрога.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На 04.05.2023 во 16.15 часот во близина на стар мост во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ш.(42) и Р.С.(25), двајцата од Велес. При преглед кај Р.С. биле пронајдени и одземени хероин,  амфетамин и дигитална вага, додека при преглед кај А.Ш. била пронајдена и одземена марихуана.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен и претрес во домот на А.Ш., при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата биле приведени во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.05.2023, полициски службеници од СВР Велес, со судска наредба, извршиле претрес во домот на С.Т.(48) од Велес. При претресот биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и два шприца со кафеава течност. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38279/5-maj-den-na-makedonskiot-jazik/