Полицијата со кучиња влезе кај велешанец, пронајдена е дрога

Велешката полиција информира дека вчера полициски служебеници привеле 63 годишен велешанец поради тоа што во неговиот дом е пронајдено кокаин.

Zito akcija 640x289px

„На 14.01.2024 во 16.20 часот во Велес, полициски службници од Отсекот за недозволена
трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес. При
претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски
службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, бил пронајден и
одземен кокаин“, соопштија од полицијата.

Agria

Од таму велат дека бил известен и јавен обвинител, а против 63-годишниот велешанец по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира: