Пред ноќен клуб во Велес, утрово се уапсени двајца велешани

veles mladinski

СВР Велес информира дека рано утринава околу 05.00 часот од слобода се лишени двајца велешани поради физички напад и оштетување на патничко возило.

Zito akcija 640x289px

„На 14.01.2024 околу 05.00 часот пред ноќен клуб во Велес полициски службеници од
СВР Велес ги лишиле од слобода П.Ј.(38) и Д.Н.(28) од Велес, по пријава од О.Б.(22)
од Велес, затоа што, според пријавеното, во близина на ноќниот клуб П.Ј. и Д.Н. му
го оштетиле патничкото возило „јагуар“, а П.Ј. физички го нападнал него и уште едно
лице“, информира полицискиот портпарол.

Agria

Од таму велат дека двете лица се задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира: