Приведен жител на Богомила поради поседување оружје без дозвола

lovecka-puska

На 17.12.2023 во 07.30 часот во село Богомила, велешко, полициски службенци од Отсекот
за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ј.(20) од
село Богомила, информираа од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка, две воздушни пушки и неколку патрони за ловечка пушка, кои ги поседувал без дозвола“, стои во соопштението на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира: