Рекорден број на пријавени на стрип конкурсот „Велес 2024“

Рекордни 351 автори од сите континенти се пријавија на 21-ви по ред Меѓународен салон за стрип „Велес 2024“. Сите пристигнати дела ќе бидат прегледа од жири комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација кај нас.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Според Томе Трајков , програм координатор на Стрип центарот на Македонија, големата бројка се должи пред се на засилената работа и контакти со млади таленти од Македонија. Многу радува податокот за откривање на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание. Тоа е секако одраз и на реализацијата на соработка со училиштата ширум државата, како и со ликовните педагози. Исто така, медиумска промоција на стрип настани во странство на коишто учествува македонската стрип сцена секако дека има позитивно влијание.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Што се однесува до мегународните контакти, добра основа претставува а постојаната соработка со стрип сцената од поранешните Ју републики, но сакако и комуникацијата со автори од сите континенти, вклучено и Тајван и Америка. За зголемување на нивниот број секако треба и зголемена поддршка од страна на донаторите како на пример: зголемен фонд на награди, присуство на наградените автори на свеченото отварањем , составување на жири од мегународни стрип автори и тн… потенцира Трајков.

Мегународниот стрип салон во Велес ,како и другите пропратни активности е финансиран од
Министерството за култура на Македонија како и Општина Велес.

Можеби ќе ве интересира: