Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 42 пациенти, што е за седум помалку од вчера, од кои 33 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а осум пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 20 пациенти.
На инфективното оддееление се сместени 20 пациент, во модуларната болница има 18 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат четири пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Четири нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од ковид-19 денеска на инфективното одделение во велешката болница. Осум пациенти се отпишани со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: