Сообраќајна незгода во центарот на Велес

Вчера во центарот на Велес се случи сообраќајна незгода. Возејќи го своето моторно возило „Фиат“, 47 годишен велешанец го удрил 58 велешанец, по што тој бил пренесен во велешката болница

Zito akcija 640x289px

„На 02.11.2022 во 10.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8-ми Септември“ во Велес, патничко моторно возило „фиат“ со велешки регистерски ознаки, управувано од И.П.(47) од Велес, удрило во Б.Ј.(58) од Велес“, соопшти СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани од Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33732/stojanoska-ivanova-dojavite-za-bombi-kaj-deczata-sozdavaat-nedoverba-kon-institucziite/