Тренчевска од Велес: Политиките за социјална правда и родова еднаквост се одлика на СДСМ

mars SDSM zeni vo Veles

Се во општеството зависи од социјалната правда и затоа вечерва ние жените од СДСМ овде од мрачните улици во Велес, гласно порачуваме: Нема родова еднаквост без социјална правда и нема социјална правда без родова еднаквост, истакна во своето обраќање на Маршот за социјална правда, претседателката на Форум на жени на СДСМ, Јована Тренчевска.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px
Jovana Trencevska SDSM

Тренчевска порача дека во фокусот на СДСМ политиките за родовата еднаквост и социјална правда се високо на агендата на дејствување и издвои што се СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство сторил во изминатите години за подобрување нс статусот на жените.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Минималната плата ја зголемивме два и пол пати. Изградивме близу 80 градинки. За жените земјоделки прв пат во историјата на нашата држава обезбедивме надоместок за мајчинство , односно породилно отсуство. Евидентни се резултатите од политиките за економско јакнење на жените што е основен предуслов за силни и моќни жени кои се двигателот на промените во општеството. Ја зголемивме социјалната помош за 300 посто.

Воведовме детски и образовен додаток за 70 илјади деца.Воведовме социјална сигурност за повеќе од 10 илјади стари лица преку социјална пензија.

Обезбедивме лични и образовни асистенти за над 1000 деца со попреченост. Обезбедивме помош и нега во домот за над 700 стари лица во нивните домови. Ја зголемивме пензијата за над 15% за само една календарска година. Ги донесовме измените на Кривичниот закон со кои воведовме нови кривични дела, демнеење и родово базирано насилство и ги заостривме казнените политики за кривични дела-насилство врз жените. Со тоа се усогласивме со одредбите од Истанбулската Конвенција. Го подготвивме новиот Закон за родова еднаквост со кој ќе биде воспоставен Секретаријат за родова еднаквост, и имаме уште голем број мерки што значат подобар живот за сите граѓани“ порача Тренчевска.

sdsm zeni tribina rodova ednakost

На Маршот за социјална правда, пред велешани се обрати и претседателката ООСДСМ Велес, Даница Чадиева.

Danica Cadieva SDSM VELES

„Праведно општество е родова еднаквост во семејството, на работното место, во политиката, во наградувањето, во сензибилизацијата, во граѓанскиот сектор, а во секоја од овие области се води секојдневна, долгогодишна, повеќевековна борба. Родовата рамноправност во Македонија е уставна категорија, сепак до денес не е надмината силната патријархална култура во животот и во политиката, родовата свест и препознавање на подредената улога, родовата сензитивност, отсуство на родова рамнотежа Токму од тука и потребата за Правна рамка за родовата еднаквост: Закон за еднакви можности на жените и мажите,Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за работни односи, Изборниот законик како и Законот за избор на пратеници и Законот за локални избори, Законот за работни односи“, рече претседателката на општинската организација на СДСМ во Велес, Даница Чадиева.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36218/ojo-veles-so-istraga-za-razbojnishtvo/