Велешката питијада ќе се одржи во првиот викенд од октомври само со домашни музичари

PITIJADA

Од шести до осми октомври во Велес ќе се одржи традиционалната манифестација Питијада, информираше градоначалникот Марко Колев. Од она кое е досега познато, настанот ќе се одржи пред Панини, а водител ќе биде актерот и стенд ап комичар Стефан Николовски.

Zito akcija 640x289px

Музичките гости пак, ќе биле само од домашната естрада и листата на изведувачи веќе била дефинирана, а по завршувањето на потребните процедури околу договорите, ќе биде објавена.

Agria

,,Фокус,, разговараше со градоначалникот Марко Колев и со претседателот на Советот, актерот Зоран Љутков, и двајцата се едногласни дека треба да се и се даде поддршка на македонската естрада, па затоа се донела одлука да нема регионални музички гости на Питијадата.

„Да се поддржи локалната економија, парите да останат во земјава, и секако да и се даде поддршка на македонската естрада. Затоа се одлучивме да поканиме само домашни музичари, програмата е веќе готова, наскоро ќе бидат објавени имињата на изведувачите. И минатата година на настанот гостуваа само домашни музичари, поминавме добро, имаше голема посетеност, народот си го цени своето. Верувам дека и годинава ќе имаме одлична манифестација“, истакна Љутков.

Градоначалникот Колев пак, вели дека од општинскиот буџет се одвоени 3,5 милиони денари, односно околу 57 илјади евра за настанот.

„Подготовките за Питијадата се во тек, очекуваме голем број на посетители и одлична забава со домашни музичари од поп, фолк и рок сцената. Музички ѕвезди од странство нема да има, така беше и минатата година, им даваме предност и поддршка на нашите изведувачи“, ни изјави градоначалникот.

Манифестацијата првично е наменета за промоција на велешкиот кулинарски специјалитет, пита со свинско месо, и годинава според досегашните неофицијални информации, велешките пити ќе се продавале по цена од 200 денари.

Извор на веста: Фокус

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40900/res-ja-zaczvrstuva-liderskata-poziczija-vo-snabduvane-so-elektrichna-energija-na-privatniot-sektor/