Во Велес свечено отворено јубилејното 20 издание на ИФАД „Стоби“

Со претставата „Антигона“ од Жан Ануј и идеи и фрагменти од Софокле, Рој Хен и Александар Морфов во режија на Александар Морфов и продукција на Драмскиот театар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија, вчера на големата сцена на велешкиот театар беше свечено отворено јубилејното 20 издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Под мотото „Нови манифести“, фестивалот обединува вкупно девет претстави во официјалната и придружната програма, и тоа на театарски куќи од Србија, Турција, Бугарија, Казахстан и Грција и, секако, македонски театарски продукции чиј интерес е античката драма и нејзините современи наративи.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За време на фестивалот ќе бидат поставени три изложби на фотографии и мултимедија, ќе се реализираат четири работилници, ќе се промовира третото издание на традиционалната фестивалска публикација, ќе се одржи панел, ќе има посебен актив за најмладата публика, а за секоја од претставите во официјалната селекција ќе се одржува тркалезна маса. 

Дваесеттото издание на ИФАД „Стоби“ го овозможија Министерството за култура и Општина Велес. Фестивалот традиционално доделува четири меѓународни награди: Награда за најдобра женска улога, Награда за најдобра машка улога, Награда за најдобра режија и Гран-при на фестивалот.

Можеби ќе ве интересира: