Во велешкиот ковид центар се хоспитализирани 49 пациенти

Bolnica Oktomvri 2021
Bolnica Oktomvri 2021

Тројца нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од ковид-19 денеска на инфективното одделение во велешката болница. Шест пациенти се отпишани со по еден негативен тест.

Zito akcija 640x289px

Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 49 пациенти, од кои 31 имаат позитивни тестови, 11 пациенти е сомнителен на вирусот, а седум пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 22 пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На инфективното оддееление се сместени 21 пациент, во модуларната болница има 21 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат седум пациенти.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: