Реклама

Викимедија МКД го одбележува меѓународниот ден на жената

Промовирањето на еднаквоста помеѓу луѓето, родовата, половата, возрасната, етничката и јазичната, е меѓу највисоките приоритети на Викимедија МКД при нејзиното делување. Намалувањето на родовиот јаз во однос на содржините на Википедија и нејзините проекти било, и е, цел која секоја година се обидува Викимедија МКД да го достигне.

Zito akcija 640x289px

По повод меѓународниот ден на жената, 8 март, Викимедија МКД, организираше уредувачки маратoн со кој на соодветен начин се одбележува овој значаен ден за жените во нашата земја, и во светот воопшто. Уредувачкиот маратон беше составен од неколку настани кои се одржаа на 7 март 2024 година со заеднички напори и труд на македонската вики-заедница. Темата на овогодинашниот уредувачки осмомартовски маратон беше „Жената низ историјата“.

Agria

Викимедија МКД објави повик до сите членови на организацијата и корисници на Википедија да дадат свој придонес во облик на објавување нови статии на Википедија на македонски јазик, како и подобрување на постоечките. Корисниците кои се пријавија на овој повик работаа на статии за значајни жени на локално и светско ниво – жени кои оставиле белег врз досегашниот човеков развој. Покрај овој повик, Викимедија МКД организираше и два нстана кои истовремено се одржаа во два различни града во Македонија. Членовите на Вики клубот од гимназијата „Јосип Броз“ од Скопје во Музејот на македонската борба се собраа заедно со раководни лица на клубот и организацијата. Членовите на Вики клубот имаа предавање за значајни жени во македонската историја, по што следеше заедничко уредување на зададената тема. Другиот настан беше во градската библиотека во Велес во организација на нашиот координатор Лили Арсова. Членовите на Вики клубот од Велес заеднички уредуваа и ја збогатуваа Википедија на македонски јазик со статии за познајачни жени од светот.

Крајниот исход на овогодинашниот уредувачки осмомартовски маратон е 52 нови и подобрени статии од страна на 24 различни корисници на Википедија.

Нека е среќен 8 март – меѓународниот ден на жената!

Можеби ќе ве интересира: