Локални вести

Поради фотографија со кандидат за градоначалник, велешката докторка Силвана Мишкова не доби општинска награда?

Фотографија со кандидатот за градоначалник на СДСМ Ненад Коциќ, направена за време на неговата посета на инфективното одделение на велешката болница, во кампањата за локалните избори, ја остави др. Силвана Мишкова без Спомен плакета „9 Ноември“, дознава Батали.нет од извори блиски до советничкото мнозинство. Сепак, официјално, од советничкото мнозинство велат …

Прочитај повеќе

Двајца велешани починаа како последица од коронавирусот

Bolnica Veles Oktomvri 2021

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на Ковид-19, од кои во Велес се регистрирани 20 нови заразени. Ширум земјава состојбата е следна: Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп …

Прочитај повеќе

Велешанец повреден при работа во скопски трговски центар

Policiska-lenta

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера, околу 17 часот, било пријавено дека во болницата „Аџибадем Систина“ со тешки повреди бил донесен В. П. (50) од Велес. Според пријавеното, околу 16 часот тој се повредил додека извршувал работни задачи на објект во градба во трговски центар на подрачјето на Гази …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Левица во „условна“ коалиција со ВМРО ДПМНЕ во Велес

Тројцата советници на Левица во велешкиот општински Совет влегуваат во условна коалиција со ВМРО ДПМНЕ, откако партијата која што ги доби локалните избори во Велес ги прифатила шесте начела кои Левица ги поставила. Советникот Игор Смилев на денешната прес конференција рече дека од ВМРО ДПМНЕ добиле покана за средба, на …

Прочитај повеќе

Актерот Зоран Љутков нов претседател на Советот на Општина Велес

Актерот Зоран Љутков е избран за претседател на Советот на Општина Велес. На седницата која е во тек, тој доби 14 гласови, откако освен 10 советници на ВМРО ДПМНЕ, за него гласаа и тројцата советници на Левица и советникот на ДУИ. Љутков доби и противкандидат за првата советничка функција, бидејќи …

Прочитај повеќе

Велешанец е одговорен за металните конструкции на проект вреден 1,4 милијарди долари во Дубаи

Zoran matev inzinjer

Катар, ОАЕ и Оман ја предводат градежната експанзија на Блискиот Исток во последната деценија. Велешкиот инженер сега е главен проект-инженер за техничкиот оддел за дизајн на металните конструкции на новиот проект Ројал Атлантис во Дубаи, кој вреди 1,4 милијарда долари Кога на човек ќе му се укаже можност да биде …

Прочитај повеќе

СДСМ Велес: Дали градоначалникот Колев и советниците ја прифатија „Северна“?

Општинската организација на СДСМ денеска преку фејсбук го повика градоначалникот на Велес Марко Колев да одговори дали тој и членовите на Советот на Општината го прифатиле името Република Северна Македонија, потпишувајќи свечени заклетви во документ, во кој било напишано уставното име. „Со потпишувањето на свечената заклетва со која изјавуваат дека …

Прочитај повеќе

Ќе направи ли ВМРО ДПМНЕ мнозинство во велешкиот Совет? Левица најави прес конференција пред утрешната седница

Тројцата членови на Советот на Општина Велес од Левица за утре во 12:30 минути најавија прес конференција, на која, половина час пред почетокот на седницата, ќе објават како ќе делуваат во Советот. Советниците на Левица се клучен фактор за то.а кој ќе го има мнозинството, откако ВМРО ДПМНЕ освои 11, …

Прочитај повеќе

Во велешкиот ковид центар се хоспитализирани 47 пациенти

Infektivno Oktomvri 2021

Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 47 пациенти, што е за седум повеќе од вчерашниот ден, од кои 30 имаат позитивни тестови, четворица пациенти се сомнителени на вирусот, а 13 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна …

Прочитај повеќе

Се конституираше Советот на Општина Велес – советниците на ВМРО ДПМНЕ и Левица ја избегнаа „Северна“ во заклетвата

Новиот состав на Советот на Општина Велес деска ја имаше својата конститутивна седница, на која се утврдија мандатите на новите членови на Советот, кои положија заклетва. Седницата ја отвори досегашниот претседател на Советот Кирил Гајдов, кој местото претседавач му го отстапи на највозрасниот член Коста Нојков. Иако советниците од СДСМ …

Прочитај повеќе