Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло, информира УХМР. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ=9. Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. …
Прочитај повеќеЛокални вести
Почина Емилијан Поповски – сопственик на СИ-БИ-ЕМ, првото приватно локално радио во Велес и долгогодишен медиумски работник
Почина велешанецот Емилијан Поповски, кој пред две недели беше тешко повреден во железниката несреќа на преминот кај село Горно Оризари. Поповски (46) им подлегна на повредите на `рбетот денеска на скопските клиники. Емилијан Поповски поголем дел од својот живот го посвети на медиумите. Беше сопственик на првото велешко локално радио …
Прочитај повеќеТешко повреден жител на село Иванковци откако паднал од трактор
43 годишен жител на село Иванковци се здобил со тешки телесни повреди во несреќата што се случила вчера кога тој паднал од трактор. “На 31.07.2021 во 17.30 часот било пријавено дека во Медицинскиот центар Велес бил донесен Д.А.(43) од с.Иванковци, кој се здобил со тешки телесни повреди при пад од …
Прочитај повеќеКривична пријава за 29 годишен велешанец кај кого бил пронајден хероин
29 годишен велешанец заработи кривична пријава поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, откако при претрес на патничко возило во кое тој бил сопатник на патарината Сопот бил пронајден хероин. “СВР Велес поднесе кривична пријава против С.К.(29) од Велес, поради постоење основи на …
Прочитај повеќеДетали за вчерашниот пожар кој избувна близу Велес
Целосно е изгаснат пожарот кој вчера избувна кај вливот на реката Бабуна во близина на велешката компанија Агриа. Пожарот во противпожарната единица е пријавен некаде 20 минути по полноќ, а пожарникарите целосно успеале да го изгаснат во 02.30 часот. Во пожарот кој избувна синоќа изгореа неколку електрични бандери, трава, и …
Прочитај повеќеПриведен крадец од Велес
42 годишен велешанец е лишен од слобода, откако бил пријавен дека одзел паричник со пари и лични документи на ул.„Цветан Арсов“. “Денеска (01.08.2021) околу 10.15 часот од страна на полициски од СВР Велес е лишен од слобода В.Ѓ.(42) од Велес, постапувајќи по пријава од П.П.(87) од Велес, според која во …
Прочитај повеќеПеколните температири и понатаму продолжуваат, без потреба не излегувајте од дома
Времето во земјава денеска се очекува повторно да биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени. УВ= 9. Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и …
Прочитај повеќе(ФОТО ВЕСТ) Гори во близина на Агриа
Голем пожар кај вливот на Бабуна, во близина на велешката компанија Агриа беснее во моментов. Засега нема официјални информации која е причина за избувнувањето пожарот. Очевидци за Батали.нет велат дека пожарот се шири, а дополнителен проблем претставува и ветерот кој ноќва дува. Во моментов екипи на противпожарната единица се обидуваат …
Прочитај повеќе(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ бара времено да се укине наплатата за паркинг во Велес
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ реагира на одлуката да се наплаќа паркирањето на велешките улици. Тие денеска го повикаа градоначаникот Аце Коцевски и мнозинството од Советот на општината од, како што го нарекуваат, СДС, времено да ја повлече одлуката за зонско платено паркирање, додека не се создадат услови за тоа. …
Прочитај повеќе53 возачи санкционирани за пребрзо возење на територија на СВР Велес
53 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во Велес, кои ја надминале брзина поголема од пропишаната. Тројца од нив возеле со дури над 50 километри на час над дозволеното. “Вчера (30.07.) од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на …
Прочитај повеќе