Локални вести

Tри фирми од Велес на списокот на компании кои добиле помош, а не ја исплатиле на работниците

UJP Skopje

Владата на Македонија вечерва објави список на компании кои добиле државна помош, а парите не ги исплатите на работниците. На списокот се и три велешки фрими кои не исплатиле плати на работниците а добиле државна помош. Претходно директорката на УЈП, Лукаревска информира дека на работодавачите кои добиле пари, а не …

Прочитај повеќе

Завршна стрип изложба „Стрип во интеркултурална едукативна мисија“

Strip centar Veles

Млади таленти од Велес, Скопје, Битола и Куманово ,од различна етничка припадност , во новонастанатите услови предизвикана од пандемијата ковид-19 твореа стрипиви токму на таа тема, но и на други социјални теми . Вечерва во Скопје,Стрип центар на Македонија-Велес ќе ја отвори  последната изложба, која е е дел од проектот„ СТРИП …

Прочитај повеќе

Ограбена велешка обложувалница

grabez

Разбојник ограбил обложувалница во Велес, синоќа пред полноќ. Тој и се заканил на вработената и и ги одзел парите, соопшти полицијата. „На 13.12.2020 околу 23.50 часот во обложувалница во Велес со закана од вработената Г.Л.(20), едно лице одзело пари“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Полицијата презема мерки за …

Прочитај повеќе

Вработен во СВР Велес кој ја навредуваше редакцијата на Батали.нет ќе биде казнет

SVR Veles policija

Ќе добие казна полицискиот службеник од СВР Велес, кој со погрдни зборови преку социјалните мрежи ја навредуваше редакцијата на Батали.нет, но упати навреди и кон свои колеги, по објавениот текст дека полицаец позитивен на ковид-19 го прекршил решението за изолација и присуствувал на погреб на свој колега. Внатрешната контрола на …

Прочитај повеќе

Идентичен број на новозаразени и оздравени од ковид-19 во Велес

Bolnica Veles

Еден починат и 26 нови заразени и исто толку оздравени од ковид-19 во Велес регистрира Министерството за здравство во последните 24 часа. Бројот на активни случаи во градов е 692. Во последното деноноќие на територијата на државата регистрирани се нови 982 позитивни случаи на коронавирус. Состојбата по градови изгледа вака: …

Прочитај повеќе

Јанчев: „Мој општинар“ е сериозен сектор кој ги решава проблемите на граѓаните

Tри години успешна работа одбележува службата „Мој општинар“,  која започна со работа на стартот на мандатот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој денеска на прес конференција искажа задоволство од досега сработеното и рече дека очекува овој проект да биде имплементиран и во други општини во земјава, бидејќи ја подобрува …

Прочитај повеќе

Разрешена директорката на Центарот за јавно здравје Велес

CJZ Veles

Весна Николовска Неделкова е нов директор на Центарот за јавно здравје во Велес. Таа доаѓа на местото на Анастасија Иванова, која седум месеци беше на чело на оваа институција. Новата директорка, која е специјалист по интерна медицина, доаѓа од велешката болница, а каде што освен лекар, беше и портпарол на …

Прочитај повеќе

Скулпторска изложба на Илчо Стојановски

Ilco Stojanovski izlozba 1

Дваесетина скулптури од дрво, гипс, керамика и мермер изработени од академскиот вајар Илчо Стојановски Илко се изложени во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е проект од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2020 година од национален интерес, финансиски поддржана од Министерството за култура,во реализација на одделението за Историја …

Прочитај повеќе

12 000 дрвца ќе се засадат на есенската акција за пошумување

ezero mladost posumuvanje

Дванаесет илјади дрвца ќе бидат засадени утре на втората есенска акција за пошумување на опожарениот појас крај езеро Младост.  До веќе израснатите, ќе се засадат нови стебленца багрем кои дополнително ќе го збогатат шумскиот фонд кој беше опустошен во големиот шумски пожар. Војници, пожарникари, ученици, службеници, акцијаши и други вљубеници …

Прочитај повеќе

Тешка ноќ во велешката болница, починаа четворица пациенти

Bolnica Veles vecer

Четворица велешани починаа синоќа и утринава во велешката болница, како последица од компликации од коронавирус. Маж на 68-годишна возраст, кој три дена се лекувал во болницата, почина синоќа околу 18 часот. Неколку часови подоцна, после полноќ починаа уште двајца пациенти, маж на 59 и 68-годишна возраст и двајцата примени во …

Прочитај повеќе