Сообраќајна несреќа се случи денеска околу 15 часот во центарот на градот, пред јаворот на С’рмаале. Во несреќата учествуваа еден четирицикл и еден мопед. Засега нема информации за тоа како се случила несреќата, ниту каква е здравствената состојба на возачите. Полицијата е на терен и врши увид на местото на …
Прочитај повеќеЛокални вести
Еден позитивен случај на Ковид 19 во Велес
Одново висока бројка на новозаразени. Министерството за здравство регистрира 191 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа. Најмногу повторно во Скопје 96, а од градовите со двоцифрена бројка се и Кочани и Тетово со 15 и Прилеп со 13. Во Велес има еден новозаразен од коронавирус. Состојбата по градови …
Прочитај повеќеТимот на Борец со остра реакција за вчерашното судење на натпреварот со Шкупи
Тимот на Шкупи од Скопје во 8-коло од ПМФЛ го пречека велешки Борец, а натпреварот заврши со победа на домашната екипа со 3:0, од кој домакините, првите два гола ги постигнаа со удар од белата точка. Но тимот на Борец е незадоволен и има големи замерки за вчерашното судење. Тие …
Прочитај повеќеМладо момче утрово истепано од три лица на главната улица во Велес
21-годишен велешанец бил истепан утрово од три лица на главната велешка улица. Инцидентот се случил околу полноќ, а нападнатото момче во полиција пријавило во 00:20 часот. „На 03.10. околу 00,20 часот во СВР Велес, Т.И.(21) од Велес пријавил дека на ул. “Благој Ѓорев“ во Велес бил физички нападнат од три лица“, …
Прочитај повеќеПолицијата сомничи маж од село Мелница кој силувал жителка на Германија
Жител на велешкото село Мелница силувал 37-годишна жена од Германија. Така пријавила вчера во полиција жената, која тврди дека мелничанецот ја силувал во вторникот во хотел. „На 02.10. во 11.00 часот во СВР Велес, 37 годишна жена од Р.Германија пријавила дека на 29.09.2020 во хотел Е.Ф. од с.Мелница, велешко извршил …
Прочитај повеќе(ВИДЕО) Финишира санацијата на свлечиштето на јужниот влез на Велес
Тројца алпинисти и денеска висеа на карпата наречена Цуцка, на јужниот дел на Велес. Но, не за да рекреираат, туку за да ја завршат работата на санацијата на свлечиштето, кое се појави тука пред две ипол години. Ја поставуваа и затегнуваа заштитната мрежа, која, така како што е поставена, нема …
Прочитај повеќеМинистерство за здравство: Eпидемиолошката состојба е сериозна, учениците да ги следат препораките
Од Комисијата за заразни болести велат училиштата и учениците да ги почитуваат препораките и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата, апелира денеска Министерството за здравство. „Препораките на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на почетокот на наставно-образовниот процес во оваа учебна година се темелат на …
Прочитај повеќеНегувателка од велешката градинка заразена со коронавирус
Негувателка од велешката детска градинка „Димче Мирчев“ е заразена со коронавирус. Таа е една од петте нови случаи, регистрирани во последните 24 часа. Негувателката во моментов се наоѓа во странство, а интересно е што пред да замине, направила тест, кој бил негативен, со што и ја поминала границата. Подоцна, приватната …
Прочитај повеќеСо лесни повреди мина велешанецот од синоќешната сообраќајка во населба „Тунел“
Лесни и површински се повредите на 36-годишниот велешанец, кој синоќа, околу 20:20 часот, кај игралиштето во населба „Тунел“ имаше сообраќајна несреќа, кога возејќи се со мотор, автомобил му го пресекол патот. Од велешката болница велат дека откако му се обработени раните, тој е пуштен дома. „Повредениот кој синоќа беше донесен …
Прочитај повеќеВелешката полиција казни рекорден број граѓани во еден ден за неносење маски
Полицијата вчера изрече рекордни 82 казни на велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 17 казни, а во Неготино девет граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра. „Во период 01./02.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење …
Прочитај повеќе