Локални вести

Сообраќајна несреќа во центарот на Велес

Soobrakajka

Сообраќајна несреќа се случи денеска околу 15 часот во центарот на градот, пред јаворот на С’рмаале. Во несреќата учествуваа еден четирицикл и еден мопед. Засега нема информации за тоа како се случила несреќата, ниту каква е здравствената состојба на возачите. Полицијата е на терен и врши увид на местото на …

Прочитај повеќе

Еден позитивен случај на Ковид 19 во Велес

veles

Одново висока бројка на новозаразени. Министерството за здравство регистрира 191 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа. Најмногу повторно во Скопје 96, а од градовите со двоцифрена бројка се и Кочани и Тетово со 15 и Прилеп со 13. Во Велес има еден новозаразен од коронавирус. Состојбата по градови …

Прочитај повеќе

Тимот на Борец со остра реакција за вчерашното судење на натпреварот со Шкупи

borec

Тимот на Шкупи од Скопје во 8-коло од ПМФЛ го пречека велешки Борец, а натпреварот заврши со победа на домашната екипа со 3:0, од кој домакините, првите два гола ги постигнаа со удар од белата точка. Но тимот на Борец е незадоволен и има големи замерки за вчерашното судење. Тие …

Прочитај повеќе

Младо момче утрово истепано од три лица на главната улица во Велес

tepacka

21-годишен велешанец бил истепан утрово од три лица на главната велешка улица. Инцидентот се случил околу полноќ, а нападнатото момче во полиција пријавило во 00:20 часот. „На 03.10. околу 00,20 часот во СВР Велес, Т.И.(21) од Велес  пријавил дека на ул. “Благој Ѓорев“ во Велес бил физички нападнат од три лица“, …

Прочитај повеќе

Полицијата сомничи маж од село Мелница кој силувал жителка на Германија

Policiska-lenta

Жител на велешкото село Мелница силувал 37-годишна жена од Германија. Така пријавила вчера во полиција жената, која тврди дека мелничанецот ја силувал во вторникот во хотел. „На 02.10. во 11.00 часот во СВР Велес, 37 годишна жена од Р.Германија пријавила дека на 29.09.2020 во хотел Е.Ф. од с.Мелница, велешко извршил …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Финишира санацијата на свлечиштето на јужниот влез на Велес

Alpinisti na Cucka

Тројца алпинисти и денеска висеа на карпата наречена Цуцка, на јужниот дел на Велес. Но, не за да рекреираат, туку за да ја завршат работата на санацијата на свлечиштето, кое се појави тука пред две ипол години. Ја поставуваа и затегнуваа заштитната мрежа, која, така како што е поставена, нема …

Прочитај повеќе

Министерство за здравство: Eпидемиолошката состојба е сериозна, учениците да ги следат препораките

Ministerstvo za zdravstvo

Од Комисијата за заразни болести велат училиштата и учениците да ги почитуваат препораките и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата, апелира денеска Министерството за здравство. „Препораките на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на почетокот на наставно-образовниот процес во оваа учебна година се темелат на …

Прочитај повеќе

Негувателка од велешката градинка заразена со коронавирус

gradinka

Негувателка од велешката детска градинка „Димче Мирчев“ е заразена со коронавирус. Таа е една од петте нови случаи, регистрирани во последните 24 часа. Негувателката во моментов се наоѓа во странство, а интересно е што пред да замине, направила тест, кој бил негативен, со што и ја поминала границата. Подоцна, приватната …

Прочитај повеќе

Со лесни повреди мина велешанецот од синоќешната сообраќајка во населба „Тунел“

bolnica veles hirurgija

Лесни и површински се повредите на 36-годишниот велешанец, кој синоќа, околу 20:20 часот, кај игралиштето во населба „Тунел“ имаше сообраќајна несреќа, кога возејќи се со мотор, автомобил му го пресекол патот. Од велешката болница велат дека откако му се обработени раните, тој е пуштен дома. „Повредениот кој синоќа беше донесен …

Прочитај повеќе

Велешката полиција казни рекорден број граѓани во еден ден за неносење маски

policija maski

Полицијата вчера изрече рекордни 82 казни на велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 17 казни, а во Неготино девет граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра. „Во период 01./02.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење …

Прочитај повеќе