Помошното фудбалско игралиште во Велес, заедно со дополнителните објекти и соблекувалните не е впишано во катастарот на недвижнини и за него општината не може да извади имотен лист. Ова е проблемот поради кој доцни неговата реконструкција, иако за ова Општина Велес доби значителна сума пари од ФФМ, преку европската куќа …
Прочитај повеќеЛокални вести
Се запали млекара „Милком“ во Ногаевци
Се запали, рано утринава, млекарницата „Милком“ во селото Ногаевци, јави порталот „Дума.мк“. Нема повредени работници. Пожарот се разгорел околу 5 часот, кога бил пријавен во полициската станица и во Територијалната противпожарна единица во Велес. Како што пишува „Дума.мк“, цели пет и пол часа, девет пожарникари со три противпожарни возила од …
Прочитај повеќеПолицијата ја прекина потрагата по исчезнатиот велешанец Спасе Димовски
Поради високиот водостој на реката Вардар, полицијата времено ја прекина потрагата по велешанец Спасе Димовски (51), кој на 6 август, беше однесен од надојдената Белештевичка река, во близина на сливот во Вардар. Досегашните обиди на полицијата да го пронајдат телото на Димовски во Вардар се неуспешни. Изминатите денови биле ангажирани …
Прочитај повеќе89 нови случаи на коронавирус, починати се седум лица
Во последните 24 часа се регистрирани 89 нови случаи позитивни на ковид 19 во земјава. Најмногу се регистрирани во Скопје 39, а со двоцифрена бројка е и Куманово со 10. Во Прилеп има нови осум позитивни случаи, Охрид и Штип со четири, по три нови случаи има во Струга, Кавадарци …
Прочитај повеќеСВР Велес казни 33 граѓани за неносење маска
Полицијата вчера казни 11 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 15 казни, а во Неготино седум граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра. „Во периодот од 07.00 часот на ден 26.08.2020 година до 07.00 часот на …
Прочитај повеќеКластер “летување” најголем во Велес
Три четврини од новоинфицираните велешани во последниот период се заразени во туристичките центри Охрид, Струга, но и летувалиштата во Албанија, покажале анализите на Центарот за јавно здравје Велес. Сепак, оттаму состојбата во Велес ја оценуваат како стабилна, но апелираат да нема опуштање и да се почитуваат мерките за заштита од …
Прочитај повеќеТројца повредени во сообраќајка на патот Велес – Извор
Сообраќајна несреќа во која полесно се повредени три лица, се случи вчера околу 13:50 часот, на регионалниот пат Велес – Извор. Во несреќата се судриле две возила, едно со гостиварски регистарски таблици, а другото со велешки. Една од повредените е задржана во велешката болница, а другите двајца се пуштени дома. …
Прочитај повеќеВелешките училишта подготвени ќе ја дочекаат новата учебна година
Велешките училишта се генерално подготвени за почетокот на новата школска година, кој е одложен за 1 октомври. Ова е став на директорите на велешките образовни институции, по состанокот кој го имаа со градоначаликот на Велес Аце Коцевски и стручните служби од општината, надлежни за образованието. Наставниците се обучуваат за онлајн …
Прочитај повеќеОБНОВЕНО: Уште двајца повредени во вечерашната сообраќајка на “Штипско џаде”
Момче на 23-годишна возраст и неговата мајка на 46-годишна возраст и двајцата од Велес се повредени во вечерашната сообраќајна несреќа, која околу 19:30 часот се случи на “Штипско џаде” кај параклисот Света Петка, а за која претходно објавивме дека е повреден уште еден 68-годишен велешнец. Мајката и синот имаат повреди …
Прочитај повеќеВелешанец повреден во сообраќајка вечерва на “Штипско џаде”
Велешанец на возраст од 68 години е повреден вечерва во сообраќајна несреќа што се случи на “Штипско џаде”, во близина на параклисот Св. Петка. До несреќата дошло кога се судриле две возила. Екипа на Итната медиинска помош пристигна на местото на несреќата. Оттаму велат дека еден велешанец има повреди на …
Прочитај повеќе