Не сакам да поставуваме мерни инструменти набавени преку „Али експрес“, чии неточни резултати можат да ја вознемират јавноста. Ние како општина можеме да поставиме, но само сертифицирани мерни инструменти кои ќе покажуват точни резултати, како што е и препораката на Министерството за животна средина и просторно планирање, вели градоначалникот на …
Прочитај повеќеЛокални вести
(ВИДЕО) Коцевски: Полицијата да ги спречи собирите на кои повика Повардарската епархија
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски денеска ја повика полицијата да ги спречи собирите на литургија по повод Духовден, на кои, преку својата веб страница, повика Повардарската епархија. Исто така, Коцевски ги повика политичарите да не прават компромиси со црквата поради „пусти гласови пред избори“. Тој вели дека Македонија е секуларна …
Прочитај повеќеПовардарска епархија ги повика верниците во дворовите на црквите и покрај забраната
Повардарската епархија на МПЦ ги повикува верниците за време на викендот и празникот Духовден да ги посетат дворовите на црквите и покрај забраната која владата ја донесе вчера. На веб страницата на епархијата се повикуваат верниците да дојдат и со себе да понесат варена пленица и црвено вино. “Со оглед …
Прочитај повеќеЧетворица новозаразени велешани во последните 24 часа
Четири новозаразени велешани со коронавирус се регистрирани во последните 24 часа. Двајца се од исто семејство, еден е припадник на ЕБОР и еден вработен во скопска болница. Со тоа, бројот на заразени во Велес од почетокот на епидемијата изнесува 137 заразени. Од нив, 96 се оздравени, 31 се сеуште активни, …
Прочитај повеќеУставен ја одби жалбата на Коцевски: Општина Велес мора да постави мерни станици за следење на загадувањето од фабриките
Уставниот суд ја одби жалбата на градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, кој бараше судот да ја преиспита законитоста и уставноста на одлуката на Советот, општината да инсталира мерни станици за следење на загадувањето на воздухот од фабриките во градот. Откако Советот на Општина Велес во ноември 2018 година ја …
Прочитај повеќеЈанчев: Тинејџерите најчесто се несовесните, кои не почитуваат мерки против коронавирус
На тинејџерска возраст најчесто се несовесните поединци кои не почитуваат мерки против коронавирус во Кавадарци. Вака денеска одговори на прашање на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, по состанок на Кризниот штаб. Апелираше максимално да се почитуваат превентивните мерки заради нивна заштита, но и заради заштита на нивните повозрасни блиски. Потсетувањето за …
Прочитај повеќеОФИЦИЈАЛНО: 76 заразени, двајца велешани позитивни на коронавирус
Двајца новозаразени велешани регистрира Институтот за јавно здравје, а во цела држава бројката изнесува 76. Најмногу има во Скопје 52, Тетово 14, Куманово и Гостивар по два нови случаи, а по еден во Штип, Кочани, Пробиштип и Кратово. Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти, а во ГОБ „8 …
Прочитај повеќе67 позитивни на Ковид 19 и еден починат
67 случаи на новозаразени граѓани се регистрирани во последните 24 часа. Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека е регистриран и еден починат пациент. Бројката на заразени по градови сеуште не е сумирана бидејќи се чекаат резултати од една приватна клиника, рече Филипче.
Прочитај повеќеМедицинска сестра од велешка болница позитивна на коронавирус
Медицинска сестра од детското одделение на велешката болница е заразена со коронавирус. Таа била тестирана вчера, а синоќа стигнал нејзиниот позитивен резултат. Медицинската сестра имала и симптоми на пнеумонија, па веќе е хоспитализирана на инфективното одделение во болницата. Од велешката болница ја потврдија информацијата, но велат дека преземени се сите …
Прочитај повеќеСедумгодишно дете паднало од тераса
Седумгодишно дете од Кавадарци се здобило со тешки повреди откако паднало од терасата на куќата во која живеело. Несреќата се случила вчера околу 14 часот, на улица „Браќа Џурнови“ во Кавадарци. Поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Прочитај повеќе