Македонија

Повторно закани за бомби во училишта во Скопје

Bombi ucilista Skopje

Нови дојави за бомби во средни училишта во Скопје. Закана за експлозивна направа стигнала во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Местоположбата на училиштето, во центарот на градот е во непосредна близина на повеќе здравствени институции. Во тек е евакуација на учениците и вработените, а полицијата е на терен и врши …

Прочитај повеќе

Хаос во центарот на Киев, соборени десетици дронови

Ukraina

Експлозии се слушнаа утрово во Киев, набргу откако се огласија сирените за воздушна тревога. Градоначачникот Витали Кличко изјави дека експлозии имало во централната област Шевченкивски и дека итните служби се на терен. „Нашата противвоздушна одбрана собори тринаесет дронови од иранско производство. Делови од дрон погодија две административни згради“, кажа Кличко. …

Прочитај повеќе

Честитка за Денот на Републиката на Малта од почесниот конзул Кочо Анѓушев

koco-angjusev

Почесниот конзул на Малта во Република Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на Републиката на Малта, со кој се одбележува промената на државното уредување на Малта од монархија како дел од Британската круна, во Република. Почесниот конзул Анѓушев упати честитки до народот на Малта за храбрите државнички одлуки …

Прочитај повеќе

Спасен e маж кој утринава се фрли во водите на Вардад

maz skokna vo Vardar

Од скалите под Камени мост машко лице утрово скокнало во реката Вардар, а по преземените мерки е извадено живо, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар. Веднаш по добиената пријава се преземени мерки …

Прочитај повеќе

Ковачевски: Скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби

dimitar kovacevski

За голем дел од овие лажни дојави, се работи за дојави кои што се работат преку WPN врски хостирани во странство, при што не може да се детектира од каде доаѓа дојавата. WPN се виртуелни приватни мрежи хостирани во странски земји и затоа се работи со партнерските служби. Ова е …

Прочитај повеќе

Полициска акција во затворот Идризово, запленет хероин

zatvor ohrid

Министерството за внатрешни работи  и затворската полиција синоќа во затворот Идризово заплени хероин пронајден кај затвореник кој се обидел да го внесе кога се враќал од отсуство. Од МВР ја потврдувија акцијата во затворот Идризово, а повеќе детали најавуваат за денеска. Можеби ќе ве интересира: https://batali.net/34775/sdk-razreshena-veleshkata-sudijka-natasha-misheva-poradi-poteshka-discziplinska-greshka/

Прочитај повеќе

И денешните дојави за бомби во Кавдарци и Скопје се лажни

Kavadarci dron 997x485

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по …

Прочитај повеќе

Повторно работи и вториот котел во ТЕЦ Неготино, електраната произведува со полн капацитет

TEC Negotino

Вклучен е и вториот котел во ТЕЦ Неготино и термоелектраната во моментот работи со полн капацитет. Вториот котел е синхронизиран на мрежа пред 42 часа, по сите протоколи на вклучување, односно по првично стабилизирање на системот со работа со еден котел, соопштија надлежните. Согласно планот за производство, ТЕЦ Неготино треба …

Прочитај повеќе

Дали ќе има нова цена на струјата ќе се знае за околу две недели

Smetka za struja

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски на денешната прес-конференција кажа дека за околу две недели ќе се знае новата цена на струјата, односно дали и колку ќе се зголемат сметките. Откако ќе завршат тендерите за набавка на електрична енергија на универзалнииот снабдувач ЕВН Хоме и за набавка на …

Прочитај повеќе

Од ноќеска на полноќ ново поевтинување на горивата

benzin

Дизелот и бензините од полноќ ќе се продаваат по уште пониски цени, објави Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комсиија за енергетика. Цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, а поевтинувањето на Еуросупер 98 и Еуросупер 95 ќе биде за 1,5, односно за 1 денар. Со новите цени дизелот треба да …

Прочитај повеќе