Вести

Се отвараат границите, Австрија целосно ја отвори границата кон Словенија

slovensko-avstriska-granica

Граѓаните од Словенија од полноќ можат слободно и без никакви контроли да патуваат во Австрија. За влез во соседната земја повеќе нема да биде потребно граѓаните на Словенија да прикажат негативен тест за Ковид-19. Реципрочно и официјална Љубљана реши Австрија да ја стави на спискот земји со поволна епидемиолошка слика, …

Прочитај повеќе

Обвинителството отвора предмет за повиците на литургија на Повардарската епархија

Osnovno javno obvinitelstvo Veles

Велешкото јавно обвинителство отвори предмет за Повардарската епархија, откако оттаму денеска ги повика верниците масовно да дојдат на литургија во црква, по повод верскиот празник Задушница (Духовден). Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Коцевски: Не сакам загадувањето да го мериме со инструменти од „Али експрес“

merni-stanici

Не сакам да поставуваме мерни инструменти набавени преку „Али експрес“, чии неточни резултати можат да ја вознемират јавноста. Ние како општина можеме да поставиме, но само сертифицирани мерни инструменти кои ќе покажуват точни резултати, како што е и препораката на Министерството за животна средина и просторно планирање, вели градоначалникот на …

Прочитај повеќе

ФФМ го прекина фудбалското првенство

FFM-2

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлука да го прекине првенството во Првата фудбалска лига и натпреварувањето на Купот на Мекедонија. Во соопштението објавено на веб страницата на ФФМ нема информација за другите детали, како за тоа дали ќе биде прогласен шампион, кои клубови ќе ја претставуваат земјава во …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Коцевски: Полицијата да ги спречи собирите на кои повика Повардарската епархија

Agatangel

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски денеска ја повика полицијата да ги спречи собирите на литургија по повод Духовден, на кои, преку својата веб страница, повика Повардарската епархија. Исто така, Коцевски ги повика политичарите да не прават компромиси со црквата поради „пусти гласови пред избори“. Тој вели дека Македонија е секуларна …

Прочитај повеќе

120 заразени, 16 оздравени и двајца починати пациенти од коронавирус

Testiranje 1

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје 67, Куманово 19, Штип 16, Прилеп 4, Тетово 9,Велес 2, и Гостивар, Неготино и Струмица по еден нов случај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира …

Прочитај повеќе

Повардарска епархија ги повика верниците во дворовите на црквите и покрај забраната

povardarska_eparhija_naslovna

Повардарската епархија на МПЦ ги повикува верниците за време на викендот и празникот Духовден да ги посетат дворовите на црквите и покрај забраната која владата ја донесе вчера. На веб страницата на епархијата се повикуваат верниците да дојдат и со себе да понесат варена пленица и црвено вино. “Со оглед …

Прочитај повеќе

Четворица новозаразени велешани во последните 24 часа

Ace Kocevski 29.05.2020

Четири новозаразени велешани со коронавирус се регистрирани во последните 24 часа. Двајца се од исто семејство, еден е припадник на ЕБОР и еден вработен во скопска болница. Со тоа, бројот на заразени во Велес од почетокот на епидемијата изнесува 137 заразени. Од нив, 96 се оздравени, 31 се сеуште активни, …

Прочитај повеќе

Уставен ја одби жалбата на Коцевски: Општина Велес мора да постави мерни станици за следење на загадувањето од фабриките

Maslodajna 997x485

Уставниот суд ја одби жалбата на градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, кој бараше судот да ја преиспита законитоста и уставноста на одлуката на Советот, општината да инсталира мерни станици за следење на загадувањето на воздухот од фабриките во градот. Откако Советот на Општина Велес во ноември 2018 година ја …

Прочитај повеќе

Христијан Мицкоски призна дека бил во угостителскиот објект

Mickoski-2

Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се огласи за вечерашниве случувања во ресторан на Боемска улица, во кој биле спречени да извршат контрола пазарните инспектори. Мицкоски признава дека седел во затворениот дел на ресторанот со уште двајца негови познаници, но вели не бил доволно информиран за новите протоколи. Тој вели дека …

Прочитај повеќе