По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди меѓу кои Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена… Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни …
Прочитај повеќеВести
Силјановска победи убедливо во првиот круг
Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, и натаму води со двојна предност пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, покажуваат најновите резултати на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) по првиот круг на претседателските избори. По пребројани 99,85 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 362 682 гласа, …
Прочитај повеќеВременска прогноза
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе …
Прочитај повеќеПрвичните нецелосни резултати покажуваат голема предност на Силјановска-Давкова пред Пендаровски
Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 2.300 од вкупно 3 508 избирачки места води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 38,51 отсто од гласоците, пред Стево Пендаровски од СДСМ со 18,93 проценти од гласовите. Трет е Бујар Османи од …
Прочитај повеќеВо Велес до 18.30 часот гласале 52,16 отсто од избирачите
Гласовите се пребројуваат, а во моментот, од 99,75% обработени информации од 84 избирачки места во Велес, до 18 и 30 часот гласале 23.399 лиц, или 52,16 отсто од гласачите. Во Општина Чашка, излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 52,47 отсто, според податоците достапни на …
Прочитај повеќеУспешен е првиот ден од изборите
До 17 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 42.92 проценти или вкупно гласале 690.194 илјади граѓани според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 3068 обработени избирачки места. Засклучокот е дека гласањето се одвива мирно. Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до …
Прочитај повеќеДо 13 часот одзивот на гласачи е 24,92 проценти
Гласањето на сите избирачки места се одвива мирно, а одзивот на гласачите до 13 часот, на првиот круг од претседателските избори изнесува 24,92 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на прес конференцијата во 13:30 часот. Обработени се податоците од 3.416 избирачки места од вкупно 3.508 во општините на територијата на …
Прочитај повеќеВелешката полиција уапси прилепчанец баран поради бегство од затвор
Велешката полиција го уапси Е.М.(29) од Прилеп, кој бил баран со централна потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово. На 23.04.2024 во 20.30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле одслобода Е.М.(29) од Прилеп. Тој бил баран со централна потерница врз основа на …
Прочитај повеќеДо 9 часот мала излезност на изборите, нема проблеми на гласачките места
Претседателот на Државната изборна комисија – ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција на комисијата во 9.30 часот соопшти дека има податоци за излезноста до 9 часот само за 23 отсто од гласачките места на денешното гласање од првиот круг на претседателските избори. Гласале само 3,85 отсто од избирачите на тие …
Прочитај повеќеМакедонија бира претседател на седмите претседателски избори, во игра се седум кандидати
Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Бројот на избирачките места во земјата за претседателските избори годинава изнесува 3.480, додека за …
Прочитај повеќе