Вести

Почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди меѓу кои Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена… Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни …

Прочитај повеќе

Силјановска победи убедливо во првиот круг

Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, и натаму води со двојна предност пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, покажуваат најновите резултати на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) по првиот круг на претседателските избори. По пребројани 99,85 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 362 682 гласа, …

Прочитај повеќе

Временска прогноза

Veles dozd Oktomvri 2021

Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе …

Прочитај повеќе

Првичните нецелосни резултати покажуваат голема предност на Силјановска-Давкова пред Пендаровски

glasanje

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 2.300 од вкупно 3 508 избирачки места води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени  38,51 отсто од гласоците, пред Стево Пендаровски од СДСМ со 18,93 проценти од гласовите. Трет е Бујар Османи од …

Прочитај повеќе

Во Велес до 18.30 часот гласале 52,16 отсто од избирачите

izbori glasanje

Гласовите се пребројуваат, а во моментот, од 99,75% обработени информации од 84 избирачки места во Велес, до 18 и 30 часот гласале 23.399 лиц, или 52,16 отсто од гласачите. Во Општина Чашка, излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 52,47 отсто, според податоците достапни на …

Прочитај повеќе

Успешен е првиот ден од изборите

Izbori-glasa-e

До 17 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 42.92 проценти или вкупно гласале 690.194 илјади граѓани според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 3068 обработени избирачки места.  Засклучокот е дека гласањето се одвива мирно. Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до …

Прочитај повеќе

До 13 часот одзивот на гласачи е 24,92 проценти

Glasanje pretsedatelski izbori prv krug 2024

Гласањето на сите избирачки места се одвива мирно, а одзивот на гласачите до 13 часот, на првиот круг од претседателските избори изнесува 24,92 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на прес конференцијата во 13:30 часот. Обработени се податоците од 3.416 избирачки места од вкупно 3.508 во општините на територијата на …

Прочитај повеќе

Велешката полиција уапси прилепчанец баран поради бегство од затвор

Policija oznaka

Велешката полиција го уапси Е.М.(29) од Прилеп, кој бил баран со централна потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово. На 23.04.2024 во 20.30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле одслобода Е.М.(29) од Прилеп. Тој бил баран со централна потерница врз основа на …

Прочитај повеќе

До 9 часот мала излезност на изборите, нема проблеми на гласачките места

Glasanje pretsedatelski izbori prv krug 2024

Претседателот на Државната изборна комисија – ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција на комисијата во 9.30 часот соопшти дека има податоци за излезноста до 9 часот само за 23 отсто од гласачките места на денешното гласање од првиот круг на претседателските избори. Гласале само 3,85 отсто од избирачите на тие …

Прочитај повеќе

Македонија бира претседател на седмите претседателски избори, во игра се седум кандидати

makedonsko zname

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Бројот на избирачките места во земјата за претседателските избори годинава изнесува 3.480, додека за …

Прочитај повеќе