Вести

Во Словенија, регистрирани 1106 нови случаи на ковид 19, 48 мртви

Slovenija korona 1

Во Словенија, потврдени се 1106 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, а 48 пациенти со коронавирус починале. Со нови заразени во последните 24 часа, вкупниот број на потврдени инфекции од почетокот на епидемијата се зголеми на 75 370, а во моментов има 20 299 активни случаи на коронавирус. …

Прочитај повеќе

Граѓанин во Велес ја украл кутијата за донации која стоеше пред гостилница Боем, од таму на „чесниот сторител“ му посакуваат многу здравје и со среќа да си ги троши парите

Кутијата на Црвениот крст која беше поставена пред гостилница Боем, а во која се собираа донации од граѓани за кампањата „За нула гладни во Велес“ во текот на вчерашниот ден е украдена. Арамијата ги украл парите кои беа наменети за оние, кои немаат доволно пари да си купат храна. Од …

Прочитај повеќе

Борец на тешко гостување кај Ренова во обид да се рехабилитира по домашниот пораз од Вардар

Borec - Renova naslovna

Фудбалерите на Борец во недела, во рамките на 13. коло од ПМФЛ, ги очекува тешко гостување кај екипата на Ренова. Тимот од Џепчиште е стар должник на велешани, откако во второто коло, на дуелот во Велес, со гол во последната минута му ја украдоа победата на Борец. Овој дуел доаѓа …

Прочитај повеќе

Ангели подобри од Борец Баскет за првиот пораз на велешани во првенството

Кошаркарите на Борец Баскет го претрпеа првиот пораз во новото првенство во Втората кошаркарска лига, откако вечерва во Скопје, загубија од фаворитот за највисок пласман, екипата на Ангели, со убедливи 83:56 (25:13, 27:12, 10:13, 21:18). Скопјани ја добија средбата уште во првото полувреме, кога направија убедлива предност од 27 поени. …

Прочитај повеќе

Триесет и седум велешани регистрира институтот за за јавно здравје, бројката на нови заразени велешани повторно близу педесет

infektivno veles

Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие со Ковид-19 се заразени нови четириесет и седум велешани, а вкупната бројка на ниво на целата држава во последните 24 часа е 1022 случаи од направени 3127 тестирања. Состојбата ширум земјава по градови изгледа вака: Скопје 463-Куманово 30 -Дебар 6 -Штип 28 …

Прочитај повеќе

ФФМ го осуди денешниот инцидент кој го предизвикаа навивачите на „Фаланга“ и „Лозари“

Fudbalska federacija na Makedonija FFM

Фудбалската федерација на Македонија го осуди денешниот судир на навивачите на Фаланга и Лозари, кој се случи пред почетокот на дерби натпреварот помеѓу екипите на Брегалница и Тиквеш, и ги повикаа надлежните институции да го процесуираат целиот случај. „Фудбалската федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување на поединци или …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Тепачка на навивачи пред дербито Брегалница – Тиквеш во Штип

Navivaci Kotek Stip

Инцидент на навивачите на „Фаланга“ и „Лозари“ се случи денес пред почетокот на натпреварот на дербито меѓу екипите на Брегалница и Тиквеш. М Нет објави видео од тепачката, а навивачите ги разделуваше полицијата, која мораше да интервенира. Натпреварот меѓу Брегалница и Тиквеш заврши со два гола, ама без победник (1-1). …

Прочитај повеќе

Трет ден по ред се намалува бројот на хоспитализирани од ковид-19 во велешката болница

bolnica veles

Трет ден по ред бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница има тренд на намалување. Денеска таму се лекуваат 59 пациенти, соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес. Тоа е за шест пациенти помалку од вчера и за 12 помалку од завчера. Сепак, десет пациетни …

Прочитај повеќе

МВР активна на терен, санционирани граѓани по однос на мерката за носење лична заштита на лице

mvr_maski

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 549  прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Во моментов бројот …

Прочитај повеќе

(ФОТО) До темел искршен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид

Iskrsen spomenik na bugarskite turisti

Осквернавен е споменикот на брегот на Охридското езеро, кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои на петти септември 2009 година ги загубија своите животи во потонувањето на бродот „Илинден“, јавува бугарската новинска агенција, БГНЕС. Во трагичиот инцидент загинаа 15 бугарски туристи. На бродот имаше над 50 луѓе од …

Прочитај повеќе